Post Views: 17
Занаетчиите од Охрид денес го слават Денот на регионалната занаетчиска комора. Овој ден се одбележува втора година со ред, а комората е формирана во 2005та година со Законот за вршење на занаетчиска дејност. Токму овој закон е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите.
Во фаза на донесување е новиот Закон за вршење на занаетчиска дејност, а охридската занаетчиска комора е активен учесник во неговото креирање. Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора од Охрид вели дека нивна основна цел е законот да биде поприфатлив за занаетчиите,...
Post Views: 8
Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас.
Токму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја.
„Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и...
Post Views: 35
Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“.
„Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...
Post Views: 3
Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули.
Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците....
Post Views: 0
Претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа седнаа на заедничка маса. На десеттата, јубилејна конференција, разговараа за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од југоисточна Европа, како и улогата на националните собранија во надминувањето на проблемите.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, потенцираше дека еден од тие заеднички проблеми е секако економската криза. Велјаноски рече дека без соодветни реформи, земјите од регионот економски ќе стагнираат.
Во таа насока, тој изјави дека Република Македонија...
Post Views: 18
Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ тоне во долгови. Според анализите на новото раководство, во моментот, „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Од оваа сума, 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 27.329.000 денари се по основ на извршни судски решенија, додека 16.491.000 денари се по основ на кредит од Охридска банка.
За овој кредит, според в.д директорот на ова јавно претпријатие, Елена Скрческа, месечно стигнуваат по 150.000 денари во затезна камата. Поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да набави гориво за...
Post Views: 8
Охриѓани се приклучија на глобалниот марш против генетски модифицираната храна, како продолжена рака на главниот протест кој се случува во Скопје.
Неколкумина ентузијасти, на градскиот плоштад, како и во просторот пред чинарот, делеа информативни материјали за тоа што претставува ГМО или генетски модифицираната храна како и кои се последиците од нејзиното консумирање.
Инаку генетски модифицираната храна е храна добиена преку генетски инженеринг односно комбинирање на гени од растенија со гени од бактерии, вируси, а не ретко и животни. Република Македонија важи за една...
Post Views: 11
Денес е националниот ден на Власите. Оваа заедница секоја година на овој ден организира бројни манифестации на кои се презентира влашкиот фолклор, се организираат свечени академии и влашки вечери. Токму тоа ќе се случува денес и на централната прослава во Скопје, но и тука во Охрид каде ќе стане збор околу значењето на овој ден за власите.
А 23ти Мај има интересна историја и претставува еден од најзначајните датуми за влашката заедница. Еве зошто.
„Овој ден се прославува со одлука на Светската лига на власите. Таа одлука е донесена во Битола пред триесетина години....
Post Views: 24
Очајно лоша финансиската состојба на ЈП „Градски гробишта“ според анализите кои ги направиле службите во претпријатието.
Финансиските показатели на ова претпријатие покажале сериозни злоупотреби, неправилности и недомаќинско работење на претходното раководство.
Според овие анализи, се дошло до сума од 2.315.088 денари долг на претпријатието, кој долг, според новиот директор Зоран Симоноски значително отстапува од фактичката состојба. Според него, долгот е многу поголем, бидејќи стручните служби откриле бројни обиди за вештачко пумпање на финансискиот резултат. Симоноски...
Post Views: 5
Намалување на хемикалии кои ја трошат озонската обвивка, унапредување на знаењата од областа на заштитата на озонската обвивка, реализација на бројни проекти. Ова се само дел од активностите кои во изминатите 16 години, Република Македонија ги презема во насока на зачувување на озонската обвивка. Сето ова, Македонија ја прави лидер не само на Балканот и Европа, туку светски лидер во оваа област.
Воедно, нашата земја е првата земја воопшто која е членка на мрежата на канцеларии за заштита на озонската обвивка од Европа и Централна Азија, која добила проект финансиран...
Post Views: 5
Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник.
„Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата,...
Post Views: 6
Со примена на знаењата од областа на комјутерските науки до рана детекција и лекување на канцерогени заболувања. Ова е целта кон која ќе се стремат двајцата млади истражувачи од универзитетот „Свети Апостол Павле“, д-р Драги Кимовски и м-р Атанас Христов. На покана на одделот за Онкологија при
Универзитетската болница на престижниот „Корнел“ универзитет од Њујорк, д-р Кимовски и м-р Христов, активно ќе се вклучат во борбата против ракот и ќе го дадат својот придонес во оваа благородна цел.
„Тоа што ние го работиме фактички повеќе се однесува на компјутерските алгоритми...