Post Views: 0
Утревечер во драмскиот дел на Охридско лето, публиката ќе може да ужива во целовечерната драма „Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски. Оваа престава која обработува современи идеи, се базира на амбиент кој се базира на периодот од Втората светска војна.
Приказната е сместена при крајот на војната, во 1944 година кога одредена група германци се затворени во еден рудник барајќи некаква руда.
„Така заробени во тој простор, би рекол Дуковски со својот најнов текст, асоцира по начинот на пишување на она што го прави Јонеску во „Затворениот круг“, на неможноста да се излезе...
Post Views: 21
После неколку изложби во Рим, Сплит и Задар, македонскиот брачен пар Мајкл и Менка Клоус со своите дела доаѓаат и во земјата од која потекнуваат. Новниот ликовен проект е насловен „Сликарството на патот до хуманоста“ и сосема адекватно на насловот, сите нивни изложби се добротворни и најголемиот дел од сликите се подаруваат. Нивната македонска ликовна одисеја започнува од Трпејца.
„Денес се отвори изложбата во Трпејца. Тоа ќе ни е првата изложба во Македонија, па потоа следуваат неколку изложби, едната е во Скопје, во кафе „Галерија“, и ќе се отвори во Понеделник, потоа...
Post Views: 8
Урнебесно комична верзија на Шекспировата класика „Хамлет“ утревечер на програмата на Охридско лето. „Хамлет во пикантен сос“ е комедијата со која за прв пат на Охридско лето ќе настапат и театарот „Комедија“ од Скопје, но и режисерката на оваа претстава, Александра Кардалевска. Според неа, „Хамлет во пикантен сос“ е претстава која создава амбивалентен однос кон животот, храната и смртта.
„Истата таа приказна е ставена во други околности. Имено дејството се случува во кујната на дворецот, мрачниот дворец „Елсинор“ каде што главниот готвач Фроги, ги прави сите сплетки...
Post Views: 14
Специјалното возило за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства од големата хуманитарна акција „Декември-месец на отворено срце“, конечно предадено во владение на општината.
Раководителот на здружението за лица со интелектуална попреченост „Зраци“, Зоран Костадиноски, вели дека првичната идеја била токму таа, ова специјално возило да биде наменето за сите лица со било каков хендикеп од градов.
„Полезноста на ова возило е во секој случај многу голема. Не можеме со зборови да ја опишеме. Самите лица, самите семејства знаат колку им е оневозможено нивното излегување,...
Post Views: 6
Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени.
„Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа...
Post Views: 1
Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски.
„До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка,...
Post Views: 0
Градоначалникот Никола Бакрачески на иницијатива на првите луѓе на СРЦ „Билјанини извори“ организираше работна средба со спортските федерации од државава, Агенцијата за млади и спорт како и истакнатите спортски работници од градов. Крајната цел според Бакрачески е развој на спортските клубови во Охрид преку една ваква координирана акција.
„Она што е наша цел како локална самоуправа и секако цел на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, е да ја дадеме максималната логистичка подршка за организација на масовни настани во спортот кои што би се одржувале во Охрид....
Post Views: 5
Драмскиот дел од 53то издание на Охридско лето ќе добие немо но нималку тивко отворање. Несекојдневната претстава „Кога бев мртов“ работена според немиот филм на Ернст Љубич, ќе ја има задачата да ја насмее присутната публика. Претставата нема текст, па актерите своите улоги ќе ги одиграат со изразување преку телото. Поради тоа, според режисерот Диего де Бреа оваа претстава отвора нови полиња на изразување во театарот.
„Приказната не е некоја драмска класика. Тоа е приказна за еден обичен, но невозможен однос помеѓу машко и женско кои на секој начин се одвојуваат за...
Post Views: 9
ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив има...
Post Views: 4
Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација.
Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска,...
Post Views: 15
Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец.
На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам,...
Post Views: 5
Трите средни училишта од Охрид, денес потпишаа меморандум за соработка со Занаетчиската комора на Македонија и нејзиниот регионален огранок.
Меморандумот е донесен по заклучок на Владата на Република Македонија, а освен во Охрид, ваков документ комората потпишала и со училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип.
„Секако со овој меморандум може да се допринесе многу за подобар кадар на занаетчиската структура. Учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите и на тој начин да соработуваме за доброто на сите.“-рече Весна Симова, претседател на Занаетчиската...