• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • НУ „Завод и музеј“: Голем дел од културно-историските споменици во градов несоодветно осветлени

НУ „Завод и музеј“: Голем дел од културно-историските споменици во градов несоодветно осветлени

Според директорката на оваа институција, пожелно е да се обезбеди осветлување за сите споменици, цркви и значајни објекти, но во тој проект учество да земат и сопствениците на објектите и локалната самоуправа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Samoilovi nokje
Самоилови ноќе

Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација.

Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска, треба да се направи многу повеќе.

Samoilovi tvrdiniПожелно е да бидат осветлени сите споменици, не само црквите туку и објектите од профана архитектура. Имаме и доста куќи кои се под заштита и други археолошки локалитети. Межутоа сметам дека ние треба да ги ревидираме сите проекти, но сметам дека не треба се ние да финансираме. Црквата си е имател на црквите, сигурно дека треба да учествува, исто така и градот. Сметам дека треба да учествува во осветлувањето на објектита како што прави осветлување на улиците, би требало да учествува и во илуминацијата на специфичните објекти. Сепак тоа се спаѓа во улично осветлување.“-рече Тања Паскали-Бунташеска, директор на НУ „Завод за заштита на спомениците и музеј“-Охрид.

Иако спаѓаат во осветлените културно-историски значајни објекти, Самоиловите тврдини подолго време имаат проблем со поставеното осветлување. Наместо со посебно напојување, осветлувањето на Самоиловите тврдини се врши од трафостаница од кое се напојуваат поголем број на приватни куќи. При поголем напон, рефлекторите едноставно прегоруваат.

Со проблемот се запознаени и во „Завод и музеј“, но и во локалната самоуправа од каде што велат дека наскоро ќе следи решение и за овој проблем, но и за целокупното осветлување на градот.

Kaneo„Ние ја работиме таа студија комплетно и се надевам дека за брзо време она што подразбира законски постапки кои што се предвидени, Охрид ќе добие нови, модерно улично осветлување, вклучително и осветлување на познати објекти низ Охрид. Тоа е проект на кој што сме фокусирани и веројатно охриѓани заедно со нас ќе можат да го видат тоа најбрзо што може. Греота се многу објекти во Охрид кои што се преубави архитектонски, да не се осветлени. Веќе имаме приватни објекти кои што се илуминизирани, а ние не можеме ни убави споменици на културата да ги завршиме, и тоа јас можам да ветам дека ќе го завршиме најбрзо што е возможно.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Anticki teatarОд Завод и музеј пак велат дека за соодветно осветлување на културно-историските споменици, цркви и значајна архитектура потребно е да се почитуваат посебни стандарди.

„Се работат посебни проекти. Ние во нашава институција имаме скоро за сите споменични добра, цркви поготово, изработени такви проекти, межутоа тие се со постар датум. Веројатно според новите стандарди кои сега важат, треба да се изработат нови проекти, тие проекти треба да поминат низ институциите од заштита, ние да направиме стручна контрола, управата за заштита да даде конзерваторско одобрение и врз основа на тоа да се даде можност да бидат осветлени сите објекти, тоа мора да биде направено со соодветни проекти.“-изјави директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска.

Што се однесува на одржувањето на поставеното осветлување на културно-историските споменици, директорката Паскали-Бунташеска смета дека грижата би требало да паѓа на сопствениците на објектот или ако се работи за улично осветлување, за него да се грижи локалната самоуправа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top