Автор: Мишел Наумоски

info punkt

Секторот за ТЛЕР повторно ќе ги става во употреба инфо-пунктовите

Post Views: 2 Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат. Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени инфо-пунктовите,...

Continue reading

mozaik

Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори

Post Views: 1 Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и  целиот регион. Овој проблем, Упевче...

Continue reading

prvacinja

Започна новата школска година-најрадосни првачињата

Post Views: 1 Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година. На првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците...

Continue reading

skulpturi

Невообичаени камени скулптури на плажата во Извиднички

Post Views: 3 Несекојдневно уметничко дело на плажата во извидничкиот камп. Деновиве охриѓани, и туристите кои се сместени во кампот, можат да уживаат и да се восхитуваат на една невообичаена глетка. Безброј камења, во различни големини и форми, наредени еден врз друг балансираат на брегот од езерото. Кога нашиот објектив ја улови оваа несекојдневна слика, најпрво помисливме дека овие скулптури се направени со лепење на камењата или дека се тие зацврстени на некој начин. Но на лице место се уверивме дека не е така, камењата едноставно се поставени еден врз друг, врзани единствено...

Continue reading

pastrmka

Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка

Post Views: 4 Охридското езеро денес си доби нов подмладок од ендемичната охридска пастрмка. Вештачкиот мрест беше спроведен како координирана акција помеѓу јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и стопанскиот концесионер на езерото „Пастрмка 2012“, а во соработка и со подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според концесионерот Ристе Танасоски, од „Пастрмка 2012“, нивото на собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор за подобрувањето на бројноста на охридската пастрмка во Охридското езеро. „Денеска ќе биде порибено со 100.000...

Continue reading

mladi aktivisti

Колку активен е македонскиот граѓански активизам?

Post Views: 2 Како изгледа македонскиот граѓански активизам од прва рака? Изминативе неколку години, неколку јавни прашања кренаа вистинска прашина по што групи на граѓани решија да го изразат своето мислење преку мирни протести. Некои од граѓанските иницијативи постигнаа позабележителен, некои помалку забележителен успех, но според граѓаните активисти, за жал заедничко за сите нив е дека во јавноста ваквите иницијативи воглавно добиваат етикета дека се политички мотивирани. „Етикетирањето прави огромна штета врз активизмот во Македонија. Во суштина тоа не е одржлива и нормална работа....

Continue reading

minerali

„Минералите од Република Македонија“-доказ за минералното богатство на нашата земја

Post Views: 8 Монографијата „Минералите од Република Македонија со вовед во минералогијата“ со промоција и во Охрид. Оваа сликовита монографија е резултат на 25 годишно истражување на тројцата главни автори, академик Глигор Јовановски, проф.д-р Блажо Боев и проф.д-р Петре Макрески, но и на триесетината соработници вклучени во овој обемен проект. Според Јовановски, Македонија е мала земја по површина, но според бројот на минералите со кои располага таа е многу богата. „Во книгата се опишани 66те локалитети во земјава од кои што се собрани минералите и опишани се и изучени окол 80 минерали,...

Continue reading

ohridski plivacki maraton

Дебитантот Аксел Рајмонд победник на 27от Охридски пливачки маратон

Post Views: 5 Французинот Аксел Рејмонд и италијанката Мартина Грималди се годинешните победници на Охридскиот пливачки маратон. Рејмонд воедно го подобри ланското остварување на легендарниот Петар Стојчев за цели девет минути, препливувајќи ја патеката „Климе Савин“ за рекордно време од 5 часа, девет минути и 54 стотинки. За изненадувачки добриот резултат се погрижија и струите на Охридското езеро кое беше доста немирно во последните десет километри.  „Ова ми е прв пат на Охридскиот маратон, но сакам само да испливам 30 километри.“-вели победникот во Охридскиот маратон, Аксел Рајмонд. Веднаш...

Continue reading

sofra

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 1 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Continue reading

trotoari

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Post Views: 2 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи. „Пречат, секако...

Continue reading

Ohridsko leto

Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето

Post Views: 5 52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето. „На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници...

Continue reading

brakja karamazovi

„Браќа Карамазови“ за драмско финале на годинешното Охридско лето

Post Views: 14   Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски. „Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top