Автор: Мишел Наумоски

velosipedi

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Post Views: 3 Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста...

Continue reading

hrana tehnologii

Биоразградлива амбалажа и нанотехнологија за производство на побезбедна и поздрава храна

Post Views: 2  Употребата на новите технологии и пронајдоци нудат светла иднина за производство на поздрава и побезбедна храна. Хемичари, технолози и нутриционисти од Македонија, Србија, Хрватска, САД, Грција денеска во Охрид дискутираат околу здравствените бенефити на различни видови храна, начини на пакување на храната, технолошка подготовка и обработка на истата. Посебно место заземаше дискусијата за употребата на нанотехнологијата во производството на зрава и безбедна храна. Според деканката на Техничко-технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од...

Continue reading

petkoski poet

Соодветна локација за бистата на Радослав Петкоски бараат граѓани

Post Views: 13   Неизмерната почит кон својата учителка поттик за благородна граѓанска иницијатива. Група граѓани после пет децении од завршувањето на основното образование поведоа иницијатива за поставување на спомен бистата на истакнатиот охридски поет Радослав Петкоски на видна локација во градов. Јован Митрески, дел од иницијаторите вели дека имаат малку податоци за локацијата на оваа биста. Вели дека истата во 1969та била најпрво поставена во дворот на црквата „Св.Јован Канео“ за потоа да биде дислоциран во градскиот парк веднаш до спомен обележјата на илинденците и учесниците...

Continue reading

ugostiteli

Ќе го избегнеме ли сезонава етикетирањето како најскап туристички центар во земјава?

Post Views: 1 Ќе биде ли Охрид и оваа туристичка сезона етикетиран како најскап град во нашава земја? Веќе неколку години наназад на социјалните мрежи угостителите трпеа остри критики од незадоволни туристи претежно од земјава околу цените на услугите во дел од угостителските објекти. Често на социјалните мрежи се објавуваа фотографии од фискални сметки од одредени објекти каде туристи платиле дури и двојно поскапа услуга или производ од она што биле навикнати да го плаќаат во местата од каде што доаѓаат. Во исто време пак, најголемиот број од угостителите коментираа дека станува...

Continue reading

palmi

Охриѓани загрижени дека садењето на палмите ќе значи сеча на постоечките многулетни дрва

Post Views: 6 Дали садењето на палмите покрај кејот ќе значи и отстранување на автохтоните дрва во нивна непосредна близина? Охриѓани загрижени дека лошо им се пишува на многулетните дрва во чија непосредна близина се засадени егзотичните палми, особено на потегот од Центарот за обука на вода накај плажите. Оваа дилема во вид на пратеничко прашање беше актуелизирана и од страна на пратеничката Лилјана Попоска од партијата ДОМ. Таа го запраша заменик министерот за животна средина дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во земја...

Continue reading

akademija

Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј. Директорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја продолжуваат...

Continue reading

klasen cas

Генерацијата првооделенци 1959та година од ОУ „Климент Охридски“ се присети на дружењата во училишните клупи

Post Views: 4 Со продорниот звук на тешкото ѕвоно, генерацијата првооделенци од 1959та/60та година од ОУ „Св.Климент Охридски“ денес повторно се сретна во ученичките клупи.Искрени прегратки, радост, неверување и по некоја скриена солза. Срцата не успеаа да ги скријат силните емоции на една генерација што се обединува после цели пет децении. Се расприкажаа меѓу себе, некои се дружеле сите овие години, некои сега повторно се запознаваа, некои ги оставиле своите сегашни животи патувајќи илјадници километри за да се видат со луѓето со кои пред многу години ги делеа ученичките клупи, фудбалската...

Continue reading

biodiverzitet

Охрид во борба за зачувување на биолошкиот диверзитет со кој расоплага

Post Views: 2  Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе. „Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од големите...

Continue reading

kvadril

Охридските матуранти го одиграа традиционалниот квадрил

Post Views: 1  Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите. „Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто така.“ „Ние...

Continue reading

ghana culture day

Звуци на национални инструменти, традиционални танци, јадења на „Ден на култури 2015“

Post Views: 5 Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив. „Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е навистина...

Continue reading

brosura

600 примероци од луксузна фотоброшура ќе ги промовираат убавините на градот пред високите делегации

Post Views: 2 600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура. „Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме доволни...

Continue reading

modelari

Доминација на охридскиот аероклуб на државното првенство во воздухопловно моделарство

Post Views: 1 Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали на градите. „Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top