Автор: Мишел Наумоски

Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена

Post Views: 1 Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“. ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт....

Continue reading

Револтиран охриѓанец по втор пат блокира улица поради немил настан

Post Views: 10 Мевљаим Арифи, жител на улицата „Стив Наумов“ денес по втор пат се одлучи да ја блокира оваа улица токму пред неговата семејна куќа. Вели дека блокадата ја прави бидејќи е револтиран од немилиот настан во кој за влакно не настрадала неговата внука, како што вели поради неажурноста на надлежните, односно поради несанираниот прекоп кој се наоѓа пред неговата куќа. Арифи раскажа како возачите кои со своите возила минуваат на оваа локација, во обид да ја избегнат дупката возат опасно блиску до портата од неговата куќа, па во еден таков случај во кој била инволвирана неговата...

Continue reading

Локалната со повик до туристичките работници за бесплатна презентација на капацитетите

Post Views: 3 Локалната со повик до хотелиерите, угостителите, сопствениците на сместувачки капацитети, кафетерии, туристички агенции за бесплатно презентирање на нивната туристичка понуда. Нивната понуда, локалната ќе ја објави на информативните touch screen уреди кои се поставени на територијата на општина Охрид, а кои се вкупно шест на број. Сепак од вкупната бројка на вакви уреди, во моментот функционираат само четири, еден е во тек на сервисирање, додека еден, кој се наоѓа на влезот во градот, на булеварот „Туристичка“ е вон употреба и истиот ќе биде уклучен кога ќе се отвори...

Continue reading

Центарот за обука на пилоти бара нови регрути за потребите на АРМ

Post Views: 2 Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава дека...

Continue reading

Изложба на дела на доајените на ромската уметност од Унгарија

Post Views: 10 Уметничките дела на доајените на ромската уметност од Унгарија од денес пред охриѓани. Во центарот за култура „Григор Прличев“ во присуство на амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, како и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес беше отворена изложба на исклучително значајни уметнички дела. Истите добиваат на значење зошто опфаќаат автори со најизразено творештво од 60-те години од минатиот век, време кога се креира ликовната култура кај Ромите, по која се водат и денешните генерации. Амбасадорот Бенце вели дека тој искрено ги поддржува...

Continue reading

Охриѓани синоќа уживаа во вистинска „Фолклорна бајка“

Post Views: 10 Охриѓани опиени од првата „Фолкорна бајка“. Носени од звуците на најпознатите македонски народни рефрени присутните уживаа во маестралните изведби на младите но неверојатно талентирани интерпретатори. Салата во Центарот за култура беше исполнета до последно место што само по себе говори каква ќе биде иднината на овој детски фестивал по само првото негово издание. Некои од децата кои настапуваа дури за прв пат се сретнале со овие рефрени, некои ги знаеле, некои тогаш се запознале, што говори и за самата идеја на фестивалот, македонската народна песна и тоа огромно богатство...

Continue reading

УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права

Post Views: 1 Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“. „На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги продолжиме...

Continue reading

Трендот на сообраќајни незгоди од лани се повторува и годинава

Post Views: 7 Сообраќајната култура и непочитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот се на ниско ниво во земјава-велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Според претседателот, Зоран Јошевски, процесот на промена на свеста е бавен и не може преку ноќ да се очекува некакво подобрување. Во таа насока тие се фокусираат на децата на возраст од 7 до 14 години како од мали нозе би се изградиле правилни навики за безбедно учествување во сообраќајот. Во моментот, според Јошевски бројот на сообраќајни незгоди и жртви ги потврдуваат нивните констатации...

Continue reading

Специјалната јавна обвинителка во Охрид, приватно или…?

Post Views: 5 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева забележана на прошетка низ Охрид. Денес таа го искористи убавото време за да ужива во погледот кој го нуди еден од нашите кафе барови кои се наоѓаат на брегот на езерото заедно со своите деца. Јанева во убаво расположение и без наводното според некои медиуми огромно обезбедување кое го поседува, уживаше на охридската ривиера веројатно релаксирајќи се од напорната работа на процесирање на огромен број снимки од нелегално прислушуваните разговори од кои досега Специјалното јавно обвинителство покрена вкупно пет акции под имињата...

Continue reading

Големата фреквенција на возила причина за краткото траење на санираните дупки на улиците

Post Views: 0 Незавидната состојба во која се наоѓаат улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” како и големата фреквенција на возила и оптовареност на коловозот се причината поради која според претставниците од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, само кратко време траат санациите на ударните дупки. Портпаролот на Секторот, Љупчо Танески вели дека ова особено важи за улицата “Абас Емин” која што е еден од горливите проблеми од аспект на живеењето во општина Охрид и се сложува дека трајно решение за истата би била само нејзина целосна реконструкција,...

Continue reading

Несоработувањето на учесниците во сообраќајни незгоди проблем за судските вештаци

Post Views: 3 Однесувањето на учесниците во сообраќајни незгоди, пропусти од увидните екипи, договарање на своја рака помеѓу учесниците во незгодата, поместување на возилата. Ова се само дел од сериозните потешкотии со кои се соочуваат судските вештаци чија што основна цел е изведување на максимално точни вештачења како полесно и поквалитетно би се решиле судските спорови во случај на сообраќајна незгода. Ова, според директорот на Бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски ќе значи намалување на трошоците и на осигурителните компании, и на лицата инволвирани во судските спорови. “Ако...

Continue reading

Улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” повторно со ударни дупки на коловозот

Post Views: 1 Повторно ударни дупки на коловозот на улиците „Абас Емин“ и „7ми Ноември“ Овие две улици кои важат за едни од најфреквентните во градов, пред само околу половина година го добија последното санирање на оштетувањата со асфалт, а пред тоа со бекатон плочки. Деновиве ситуацијата како пресликана од пред шест месеци. Оштетувањето на една од најдолгите улици во градов, „Абас Емин“ на дел од коловозот отишло дотолку што се гледаат сите претходни слоеви на асфалт, а од под асфалтот веќе се гледа и старата калдрма со која улицата некогаш била поплочена. Ги запрашавме граѓаните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top