Post Views: 20
Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави.
„Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај...
Post Views: 0
Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот...
Post Views: 1
20те години постоење на Македонската теквондо федерација ќе бидат одбележани на фантастичен начин. Ѕвезда на турнирот кој се организира по повод овој јубилеј ќе биде рускиот теквондо борец Сајан Бат. Она што е најинтересно за Бат е дека тој во земјава доаѓа без ниту еден единствен пораз во својата кариера. Со овој спорт почнал да се занимава уште во детството, а борец е веќе 12 години. Ексклузивно за нашата телевизија, Бат открива како успеал да остане непоразен сите овие години.
„Па не знам како сум успеал да останам непоразен. Не знам, тоа е нешто што го имаш во себе,...
Post Views: 8
Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се концесионерите...
Post Views: 7
Полни раце работа за интернистите во Општата болница. Продолжениот празничен викенд се покажа и тоа како работен за нив. Се чини Охриѓани баш си го сакаат јагнешкото и велигденските јајца бидејќи добар дел и претерале со ваквата храна. Ова особено станува проблем поради долгиот период на велигденски пости. Според лекарите, токму наглото консумирање на мрсна храна по постот е главната причина за јавување на тегобите. Во Интерното одделение при Општата болница само за овие неколку дена регистрирале преку 180 случаи на пациенти кои прекумерно консумирале мрсна храна викендов.
„Ние...
Post Views: 22
Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност.
„Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...
Post Views: 10
Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед.
„Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...
Post Views: 5
Што е Велигден без јагнешко? Ова е некое реторичко прашање кое навистина нема потреба да се поставува…или сепак има? Македонската трпеза за големиот христијански празник Велигден традиционално во себе го содржеше јагнешкото месо. Дали од адет, дали поради религиозни побуди или нешто друго, Велигден не може да се замисли без печено јагне. Во последниве години за жал трпезата на обичниот граѓанин се повеќе осиромашува. Ги запрашавме oхриѓани дали тие можат да си дозволат печено јагне за големиот празник.
„Тешко, тешко дека ќе имаме јагнешко за Велигден. Како што...
Post Views: 1
Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...
Post Views: 2
Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот.
„Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден дел...
Post Views: 27
Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот.
„Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...
Post Views: 48
Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи.
„Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“
„Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме. Треба...