Автор: Николоска Биљана

Фатени романски државјани кои украле накит од охридска златара

Post Views: 0   Романци краделе злато во Охрид. Истите се откриени и приведени на граничниот премин Табановце вчера околу 20 часот, откако се обиделе да ја напуштат нашата земја. Четворицата државјани на Романија биле барани за извршена кражба на златни предмети од охридската златара „ГОЛД“. Станува збор за лицата М.Ц. и Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67). При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека пак при претрес на нивното патничко возило марка „Форд“, со германска регистерска ознака бил пронајден и останатиот накит. „Нивното приведување е поврзано со тешката...

Continue reading

Се запали електричната табла во салата во „Григор Прличев“

Post Views: 0   Утрово околу 9 часот и 30 минути избувна пожар во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Целосно изгоре електричната табла. За среќа во моментот во салата не се одржувал час по физичко образование, информираше директорката на училиштето Силвија Мојскска. Присутен бил наставникот по физичко кој веднаш го пријавил пожарот. „Немил настан кој навистина не вознемири, штетите се само материјални, многу брзо е реагирано благодарение на брзата интервенција на единицата на противпожарната единица како и екиптие на ЕВН,се тоа е санирано, останува само штетата да ја надоместиме...

Continue reading

Неизвесна судбина на најатрактивното земјиште во Љубаништа, охридско

Post Views: 2 Неизвесна судбината на најатрактивното земјиште крај брегот на Охридскот Езеро, Љубаништа. Ова земјиште сеуште не е урбанизирано, а тука се наоѓаат имотите на дел од мештаните на оваа туристичка населба. Како што е познато нивните имоти се влезени во планот на Владата за изградба на туристички зони каде треба да никнат елитни хотели и вилски населби. Жителите на Љубаништа не се откажуваат од своето земјиште и бараат од надлежните институции да дојдат и да им објаснат што е планирано со нивните имоти и зошто државата се обидува да им ги плати по цена која е далеку од...

Continue reading

Во охридско-струшкиот регион откриени се 70 кражби на струја

Post Views: 3   Зголемен бројот на кражби на струја во 2015 година во споредба со претходната. Тоа го покажуваат статистичките податоци на ЕВН Македонија. Според нив во 2015 год откриени се 1136 кражби за неовластено користење на електрична енергија. Околу 70 кражби од нив се територијата на охридско-струшкиот регион, за ТВМ обелодени портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески. Над 80% од кражбите биле откриени кај домаќинствата но голем е бројот на кражби и кај бизнис корисниците, додава Ковачевски. Додека пак за тековнава година за месец јануари во Охрид се откриени 10 кражби а во соседна...

Continue reading

Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!, ги крена охриѓани на нозе

Post Views: 1   Охрид покажа дека има големо срце, за ретките болести. Во тек е интернационалната кампања  „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, која ја организира Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Претседателката на Алијансата Весна Алексоска, нагласи дека во сите градови во земјава се обидуваат да најдат организации или волонтери кои сакаат нешто да направат и да помогнат, што повеќе луѓе да се приклучат кон ваквите акции како и тоа што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост, топлина и емпатија за луѓето со ретки болести преку прегратка.  „Мислам...

Continue reading

Отчетно собрание на охридските пензионери

Post Views: 0   Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца, бележи успешна година. Тоа го покажува оценката од материјалното и финансиското работење, кое го изработило стручна служба како што информираше  претседателот на Собранието д-р Димитар Спасески. Денес пензионерите ја одржаа третата седница на која беше презентиран извештајот за нивната работа во 2015 год. „Здружението работело домаќински, рационално. Секако дека и плановите кои се носат за овој период 2016 – 2019  год ќе бидат успешни спрема предвидувањата од овие дејности. Секако здружението на пензионери има...

Continue reading

Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани

Post Views: 1   Пет охридски семејства – жртви на компјутерски криминалитет. Станува збор за злоупотреба на лични податоци. Пред два дена, на каналот Youtube осамна видео со порнографска содржина каде биле вметнати слики од деца и возрасни. Сликите, засега непознатиот сторител, ги симнал од профилите на оштетените на социјалната мрежа фејсбук. Засегнатите родители велат дека претрпеле голем шок и дека се соочиле со многу непријатни моменти. Посебно реагираат за злоупотребата на децата, од кои најмалото е бебе на 9 месечна возраст. Поголемите деца овие два дена одбивале да одат...

Continue reading

Охрид има потенцијал за спелео туризам

Post Views: 4   Охрид има можности за развој на спелео туризам. НП „Галичица“ кој е распространет помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, овозможува формирање пештери. Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници со сунѓереста структура и голема порозност. Александар Булески спелеолог од клубот Ботом Тајм, вели дека низ светов постоеле многу пештери кои биле претворени во туристички спелеолошки локалитети. Тие обично биле хоризонтални,  достапни, лесни за шетање, добро обезбедени, осветлени, а имало...

Continue reading

Ќе се реновира Куќата на Робевци

Post Views: 0   Куќата на Робевци еден од најрепрезентативните објекти на староградска архитектура во Охрид, ентериерно ќе се реновира. Како што обелодена првиот човек на НУ „Завод и Музеј“, Охрид, Тања Паскали Бунташеска, реновирање не било направено уште откако е отворен овој објект, единствено реновирана била Златната соба. „Ќе има измени во поставките, значи најдолниот дел приземјето, повторно ќе функционира како лапидариумски простор со тоа што ќе биде реализиран неопходен санитарен јазол во приземјето, ќе биде направен нов пулт за продажба и за промоција на материјал за продажба,...

Continue reading

ИмпроВокација, кабаретски спектакл, еднаш неделно во Охрид

Post Views: 0   Кабаретски спектакл секоја недела во Охрид. ЦК „Григор Прличев“ во соработка со дел од актерската екипа на охридскиот Народен театар промовираа новина која за прв пат се случува на овие простори, но и пошироко. Станува збор за проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. „Нешто што секогаш е различно, практично секое нивно излегување на сцената е нова премиера. Се работи за одредена интеракција помеѓу актерите и публиката, не е ништо веќе смислено, туку практично целата...

Continue reading

Се поставуваат нови постојки во Охрид

Post Views: 5 Нови автобуски постојки се поставуваат во Охрид. Конечно градот ќе добие постојки како што доликува на главниот туристички центар. Во моментов на повеќе автобуски стојалишта речиси и да нема ништо, ниту покрив, ниту клупа каде да се седне а старите се веќе уништени од страна на несовесни граѓани. Акцијата отпочна денес а ќе продолжи и во наредниве денови информираше портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески. „На однапред утврдени 5 локации фирмата „Турбо инженеринг“ од Скопје веќе изврши определени покрупни градежни активности со тоа...

Continue reading

Се санира мрежата на детските игралишта во Охрид

Post Views: 6   Се поставува нова мрежа на заштитните огради на детските игралишта во Охрид. По налог на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици, техничко оперативни екипи на ЈП „Градски Пазар“ ја санираат мрежата на неколкуте детски игралишта во градов. Тоа е во рамки на новата дејност на претпријатието, вели портпаролот на Секторот Љупчо Танески. „Оваа дејност на ЈП е овозможена како резултат на промената на статутот на ова ЈП и проширување со упис на нови дејности како што се одржување и изградба на спортски повеќе наменски детски игралишта на територијата на општина Охрид,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top