Автор: Николоска Биљана

Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот

Post Views: 7   Литературна средба, Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот. Оваа несекојдневна дружба со истакнатиот професор д-р Никола Бошале, се одржа во Прличевата одаја на НУ „Библиотека“. Генерално досега не се појавил автор во Охрид, кој ги собрал на едно место легендите и преданијата за Прличев, а мојот труд во кој изнесов три легенди кои ги пронајдов, нека биде појдовна точка понатаму за идните автори, кои се занимаваат со ликот и делото на големиот поет“, истакна Бошале во неговото впечатливо излагање. „Еден од мотивите што сум тука е да регрутирам...

Continue reading

Охридските ракометари очекуваат поддршка од публиката за победа

Post Views: 1   Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања. „Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да ја оствариме...

Continue reading

Бројот на заболени од туберкулоза се намалува

Post Views: 9   Се намалува бројот на болни од туберкулоза во земјава. Оваа болест за човекот е позната уште пред илјадници години. Но таа и денес иако се лекува, претставува водечка причина за смрт од заразни болести, велат медицинските работници. Секоја година, на 24 Март светот го одбележува Денот на туберкулозата. Тој се празнува со цел да се подигне свеста за огромниот терет поврзан со туберкулозата, вели Младен Божиновски од ОО на Црвен Крст Охрид. Светскиот ден на туберкулозата дава можност сите луѓе да се придружат во борбата против ТБ преку давање информации и едуцирање на...

Continue reading

Свлечиштето кај Извиднички Центар засега заштитено само со насип од камен

Post Views: 2   Нема градежни зафати околу санирање на опасното свлечиштето кое го нагризува патот кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар, Охрид. Пред платото на хотелот единствено што може да се забележи е тоа што на сред пат истоварен е камен, кој најверојатно треба да послужи за санација на ова критично место. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици убедуваат дека на тоа место се отпочнало со некакви градежни активности, но поради временските услови и високиот водостој на реката Далјан истите се стопирани. Како што пренесе портпаролот Љупчо Танески, ќе се...

Continue reading

Решен децениски проблем во населбите „Воска“ и „Даљан“

Post Views: 2   После 3 децении, целосно реконструирани улиците „Сатеска“, „Мича Гилиќ“ и „Трајче Трајчески“, во населбите „Воска“, „Даљан“. Градоначалникот Никола Бакрачески со задоволство зборува дека денес се радуваат жителите на Воска, утре на некоја друга охридска населба бидејќи во континуитет се реализирале проекти во различни делови на градот кои го подобруваат животот на охриѓани, а воедно се остварува не само ветеното туку и повеќе од тоа. „Населба Даљан и Воска стојат високо на приоритетите во стратегијата за развој на општина Охрид посебно ова место каде што се наоѓаме...

Continue reading

Проф. Крстаноски: Велосипедската инфраструктура треба да се планира со ГУП овите

Post Views: 5   На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола. „Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка ов делот...

Continue reading

Во Охрид одбележан Денот на крводарителството

Post Views: 0   Охриѓанецот Коче Богданоски досега дарувал крв 112 пати. Неговата крвна група е нулта негатив. Вели, дарувам крв затоа што преку овој чин најдобро се изразува хуманоста но и заради сопственото здравје за обновување на крвта. „Чуството е многу добро, захвално, за здравјето уште подобро, секој прв пат кога ќе даруваш, не е тешка работа, присутен е само стресот, но што повеќе даваш крв и самата снага бара, а јас се чуствувам подобро. На секои три месеци дарувам крв и советувам нема потреба некој да се плаши од крводарување, слободно може да дава, ќе се чуствува подобро...

Continue reading

Драстично намалување на пријавите во делот на безбедност и здравје при работа

Post Views: 1 Суштинските измени во законот за безбедност и здравје при работа, донесуваат повеќе права за синдикалците. Во рамки на кампањата за безбедни услови при работа и за обезбедување на сигурни работни места, ССМ заедно со Македонското здружение за заштита при работа организираат проект кој е насочен кон подигнување на свеста во смисла на обезбедување на активности кои се поврзани со безбедност и здравје, во кои се вклучени и работодавачите и граѓанските организации. Целта на новите измени и дополнувања е да се зајакне позицијата на претседателите на синдикалните организации...

Continue reading

Промоција на нов проект: „Декада на припадност – Славење на различностите“

Post Views: 0   Промовиран новиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“. Овој проект наредниве три години ќе го работат активистите на Локалната агенција за развој од Струга, а како нивен партнер се јавува Граѓанската организација „Креативни и активни“, исто така од Струга. Целта е да се подобрат меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор, вели Катерина Василеска, проектниот менаџер. „Сакаме сите различни етникуми, различни заедници кои што живеат во регионов да ги споиме...

Continue reading

Ќе се уредува локалитетот „Сини Вирови““

Post Views: 5   Се изготвува проектната документација за уредување на Белчишкото Блато, познато под името „Сини вирови“. Овој локалитет, сместен во недопрената природа крие многу тајни за животот на планетата од пред многу милиони години. За убавините со кои располага ова мистично парче природа кое воодушевува, многу малку се знае. Овој природен локалитет има големи туристички потенцијали, кои може да се валоризираат само доколку целосно се зачува и се стави во функција на одржлив развој, на што моментално работи Игор Трајкоски, градоначалник на Дебрца. „Значи пристапен пат кој што...

Continue reading

Потребна е добра велосипедска инфраструктура за поголема безбедност за велосипедистите

Post Views: 0 Како најдобро да се заштитиме себе си и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, беше синоќешната тема на едукативна трибина за младите, организирана од Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот. На трибината стана збор за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, велосипеди, ролери, или пешачењето, можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Љупчо Ставрески претставникот на Републичкиот совет за безбедност појасна што прави Републичкиот Совет во таа насока. „Се додека не се сменат неколку фактори, едниот...

Continue reading

Се реновира училиштето во Оровник, Дебрца

Post Views: 1   Започна комплетна реконструкција на подрачното училиште во село Оровник, охридско. Овој стар објект не е реновиран уште од 1954 година откако е изграден. Со средства во висина од 1 100 000 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, односно од Југозападниот плански регион ќе се реализира првата фаза, од овој проект, открива, првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Ќе биде реконструиран подот, односно ќе бидат сменети старите дотраени даски со бетонирање на подот, потоа ќе се постави ламинат а ќе се постават и ќерамички плочки. Во таа фаза влегува и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top