Post Views: 10
Сликата кај опасното свлечиште пред платото на хотел Даљан и Извидничкиот центар во Охрид, е малку променета со првичните активности кои ги презедоа стручните екипи од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Но по се изгледа тоа е недоволно имајќи го во предвид фактот дека првите гости веќе тропаат на врата. Како што веќе информиравме реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја нагризува асфалтираната површина создавјќи брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, и претстои опасност од лизгање на патот и сериозни проблеми по...
Post Views: 1
Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија. Годинава по 40 ти јубилеен пат цивилните инвалиди од целата земја се сретнаа во ЦК „Григор Прличев“, а денешниот датум е избран за ден на цивилните инвалиди, во сеќавање на почетокот на Втората Светска војна со агресија на Германија врз Југославија. Последен случај граѓанин од земјава да настрада од експлозивен материјал од Втората Светска војна е забележан во 1982 година, за ТВМ открива Драган Дојчиновски.
„Оваа категорија на лица со инвалидност е настрадана од заостанат воен експлозивен...
Post Views: 7
Новиот македонски филм Џган веќе започна да се емитува во кината во земјава. Синоќа можност да го гледаат имаа и охриѓани. Снимен за само 25 дена со едно брзо темпо во Скопје, а само една сцена во затворот во Битола, досега добва само позитивни критики. Дел од нив говорат дека ова издание е едно од најдобрите во земјава последниве 10 години. Мартин Ѓоргоски е главниот лик во филмот Џган. Се работи за ново име на кој му претстои голема популарност, како што кажаа искусните филмски критичари. А како Ѓоргоски во силна конкуренција сосема неочекувано ја добил главната...
Post Views: 1
Отчет се дава за сработено, а не за несработено, односно нешто, што ќе биде во 2017 година и понатаму, реагираат охридските социјалдемократи. Советничката Жаклина Лазареска на денешната прес конференција кажа дека отчетот кој вчера пред граѓаните го презентирал градоначалникот Никола Бакрачески, односно изнесените бројки за реализација на проекти, не биле реални. Исто така Лазареска обвини дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не се грижле за охриѓани и нивните потреби, туку исклучиво за бизнис интересите и тендер политиките на, како што рече, бандата на Никола Груевски,...
Post Views: 10
„Вози безбедно по кружен тек“. Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот започна нова кампања која ќе трае цела година. Како што истакна претседателот на Советот, Стефан Димоски, целта е да се вози безбедно по главната сообраќајна артерија во градов, „Булеварот Туристичка“, а со тоа да се реши и сообраќајниот метеж, кој посебно може да настане во текот на престојната туристичка сезона. Димоски истакна дека овој проект е многу важен бидејќи содржи правила и прописи пропратени со видео анимација и симулација за правилата и прописите за безбедно движење по кружните...
Post Views: 0
Незаборавна забава и дружење под маски со хуманитарна цел. Синоќа, во хотелот „Сити Палас“ во организација на женскиот Лајонс клуб „Деница“, одбележувајќи го 1-ви април, но и роденденот на клубот, охридските деници покажаа дека овој ден не е само ден на шегата, туку дека е и ден на хуманоста. Претседателката на клубот, Лидија Тилевска, вели дека поттикнати од мотото на лајонизмот, дека човек е богат онолку колку што може да дарува и да помогне на друг, верува дека ќе придонесат да усреќат дел од нашите сограѓани кои што навистина имаат потреба од помош.
„Со самото...
Post Views: 8
Се поизвесна е изградбата на зелениот градски пазар во Охрид. Старата локација каде што во моментов се изведува пазарската дејност ќе прерасне во современ објект со сите пропратни содржини, а ќе биде изграден по светски стандарди. Како што изјави првиот човк на градот Никола Бакрачески во завршна фаза била подготовката на финалната документација, односно на одобрението за градба кое треба да биде издадено од страна на Министерството за транспорт и врски. Според него во овој момент се финализирале неколку корекции кои биле предочени од страна на стручните служби, на...
Post Views: 2
Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја означи реализацијата на првиот дел од проектот за реконструкција на улиците и потпорните ѕидови во старото градско јадро . Во таа насока во употреба беше пуштена реконструираната ул „Кирил и Методи“. После 20 години, на дел од оваа улица, односно од огледалото до Горна Порта, на 450 метри легна нов асфалт, открива Бакрачески. Тој нагласи дека оваа реконструкција била предвидена со програмата на Секторот за комунален развој сообраќај и улици, на барање на жителите од овој дел и не застануваат тука.
„Веднаш потоа продолжуваме...
Post Views: 5
„Не можејќи да ја прикријат сликата на инфериорност и дијаметрална различност во работењето помеѓу оваа и минатата локална власт, а фрустрирани од многубројните реализирани проекти кои секојдневно се презентираат во јавноста, СДСМ- Охрид денес како и три години наназад се обиде преку замена на тези да го прикрие девастирачкото однесување кое беше одлика на нивното 8 годишно брутално уништување на вредностите на градот.
Зарем свитата на СДСМ- Охрид од чие 8 годишно дивеење ќе патат уште многу генерации во наредните неколку десеттици години има кредибилитет и морално право...
Post Views: 1
Кружниот тек на пресекот на ул „Бистрица“ со Бул. Туристичка, чини близу 100 000 евра, а оној кај Охридска банка 200 000 евра, открива координаторот на охридските социјал-демократи Јован Стојаноски. Тој истакна дека за кружните текови нема сообраќајна студија ниту пак елаборат за сообраќајна издржливост, додавајќи дека граѓаните биле сведоци колку лошо биле направени последните два кружни текови.
„Малку им е на господата од ДПМНЕ што не знаат да заработуваат од исплатливи проекти, па уште се дрзнуваат дополнително да ги задолжуваат граѓаните на општина Охрид, со кредити...
Post Views: 1
Католиците утре го слават најголемиот христијански празник Велигден. Според календарот на католичката црква денес е Велика Сабота, ден пред Христовото воскресение. Отец Оливер од охридската католичка црква истакна дека денес е крајот на 40 дневниот велигденски период, кој се состоел од пост и молитва се со цел дочек и прослава на Воскресението Христово.
„Овој период имавме т. н вазмено тридневие кое се состоеше од Велики четврток, петок и денес го крунисуваме ова тродневие со воскресната света литургија која што ќе биде врвот на целиот тој период кој што имаше за...
Post Views: 4
Активностите за заштеда на енергија зависат од нас. Продолжува платформата „Со примена на енергетската ефикасност во домовите до намалени трошоци и квалитетен живот. Охрид домаќин на работилницата за медиумите, чија цел е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека темата за енергетска ефикасност е многу важна и секогаш од неа може да се научи нешто ново. Тој посебно ја истакна улогата на кампањата од едукативниот серијал Енергетска математика, преку...