Post Views: 0
Тажната и трогателна животна судбина на прерано згаснатиот млад живот на Димитар Матилоски, испишан на страниците на дневникот на Драгица Матилоска „Мојот живот после изгубен живот“. Кобниот почеток на Новата 2016 година остава неизбришливи траги кај писателот на ова дело кога нешто после полноќ на свиреп начин беше убиенo нејзиното најмило чедо, од страна на српски турист од Краљево. Посакувам ниту една мајка да не ја почуствува мојата болка и да не е завиена во црно заради тагата по изгубеното дете, вели Матиловска.
„Во оваа моја книга „Мојот живот после изгубен живот“,...
Post Views: 5
Извештаите за реализација на програмите за 2016 на одделенијата и секторите при Локалната самоуправа, јавните претпријатија и образовните установи беа дел од точките на дневен ред на кои се расправаваше на 69 тата седница на Советот. Сите 54 точки поминаа со мнозинството на гласови од советниците на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, додека пак советниците од опозицијата поголем број од точките не поддржаа. Јован Стојаноски координаторот на СДСМ истакна дека 4 години укажувале на лошите извештаи кои биле доставувани до нив. Тој посебно се осврна на извештаите...
Post Views: 1
Големата Фармацевстка компанија Зегин подари плазма телевизор на охридскиот Црвен Крст. Телевизорот веднаш си го најде своето место. Тој ќе служи за децата со посебни потреби коишто секој петок ја посетуваат музико терапијата во просториите на Црвениот Крст. Секретарот на Црвениот Крст Мимоза Ставрева изрази голема благодарност кон компанијата Зегин, истакнувајќи дека телевизорот е уште една успешна приказна на соработката на Црвениот Крст со корпоративниот сектор.
„Јас само ќе кажам кратко дека децата тука се чуствуваат одлично имаат пријатна атмосфера, со нив работат...
Post Views: 0
Отпочна партерното уредување на тротоарските површини на влезот на градот. Станува збор за реализација на програмата за 2017 год на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, односно уредување на тротоарите на булеварот „Туристичка“. Зафатите за овој потег предвидено било да се изведуваат во неколку фази.
„Во првата фаза планирано е асфалтирање на тротоарските површини и нивно физичко одделување од велосипедските патеки од влезот на општина Охрид односно од улицата Распаќе до пресекот на бул Туристичка со ул .„Стив Наумов“
Градежните активности ќе ги изведува...
Post Views: 4
Компанијата „Slice“ израдува 35 семејства од ранливата категорија. Во соработка со ОО на Црвен крст Охрид, денес се делеа пакети со прехранбени продукти како и средства за лична хигиена од страна на вработените во компанијата. „Slice“. Kомпанијата две години работи во нашиот град и има две канцеларии една во Охрид друга во Дебар, кажува Бутринт Села. Тој истакна дека идејата за денешниот хуман гест потекнала од вработените, кои што не само што биле добри работници туку се покажале и како хумани граѓани кои одлучиле да донираат. Исто така средства за денешната активност...
Post Views: 9
Денешниот ден 8 ми март е добар повод мажите на понежниот пол да подарат цвеќе, децата да направат креативни честитки за мајките, да се посетат, бабите, вујните, стрините, тетките, со еден збор ден кога секоја жена заслужува внимание. Меѓународниот ден на жената се празнува на 8ми март. Тоа е и ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Но кај нас по повод овој ден традиционално се купува подарок за жената.
Првата дама на охридскиот градски Совет д-р Гордана Коњаноска, смета дека ако се погледа временски постигнат...
Post Views: 3
Нискиот водостој на Охридскот Езеро го попречи појавувањето на жолтиот локвањ. Сеуште рано е да се зборува за целосно исчезнување на ова украсно водно растение кое пленува со својот прекрасен изглед посебно во периодот кога цути со жолт цвет, вели д-р Марина Талевска од Хидробиолошкиот завод во Охрид. Додава дека неколку фактори допринеле за намалување на површината каде што се протега локвањот, како што е раширувањето на трската но и зголеменото количество на отпадни материи кои се фрлаат во езерските води.
„Годинава пак случајот е малку поинаков. Со опаѓањето на нивото...
Post Views: 14
Малото некогашно праисториско наколно живеалиште „Заливот на коските“ во Градиште, секоја година крие богатство за посетителите. Годинава дел од традицијата за пронаоѓање на охридскиот бисер изработен од фамилијата Филеви, беа туристките од Бугарија. Овој прекрасен настан кој секоја година се организира во пресрет на празникот на жената 8 ми март, не само што претставува своевидна атракција туку и ден кој засекогаш останува во спомен. Така го доживеа и младата туристка од Бугарија, Вања Иванова која беше најсреќна и го пронајде клучот на богатството.
„Изненадена сум,...
Post Views: 3
Од 1 јануари до 15 март сите граѓани кои во 2016 година оствариле некакви дополнителни приходи, кои не се плата или пензија, во УЈП треба да поднесат годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок од доход. Раководителот на Даночно одделение на УЈП Охрид Рејна Стефаноска, вели дека сите граѓани кои не го направиле тоа да дојдат во просториите на приземје во општина Охрид и да ја исполнат својата законска обврска.
„Приходите кои како граѓанин ги остварувате во земјата и во странство се оданочуваат со персонален данок на доход со даночна стапка по која се пресметува...
Post Views: 3
Охридските ракометари утре на домашен терен ќе ги одмерат силите со РК Пелистер од Битола. Овие два тима со пресметка „еден два“ на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го означат и почеток на мечевите од пролетната полусезона во Супер лигата. Утре ќе го дадеме својот максимум и со малку среќа и очекуваната поддршка од публиката се надевам на победа изјави капитенот на РК Охрид .
„Утре играме со првопласираната екипа во есенскиот дел, ние сме втори. Таму одигравме добар натпревар кој заврши нерешено, се надевам дека утре ќе биде добра утакмица“
„Гладијаторите“ во досегашните...
Post Views: 0
Младите музички таленти кои го негуваат македонскиот народен мелос и годинава ќе бидат дел од Фолклорна Бајка. Овој фестивал минатата година беше организаиран за прв пат и се карактеризира по тоа што е единствен од ваков вид во Македонија. Стефан Нестороски еден од организаторите вели дека задоволство е да се работи со деца кои одлично ги интерпретираат преработените аранжмани на познатите македонски рефрени од народната музика.
„Фолколорна Бајка“ е уникатен фестивал, минатата година зачудувачки ги плени интересите од сите медиуми, од децата посебно ние сме изненадени...
Post Views: 7
Нова ветеринарна амбуланта во Охрид. На ул „Славеј Планина“ бр 12, во нови современи простории отпочна со работа „Вет Спирит“. Овој добро опремен простор со сите пропратни содржини ќе ги израдува сопствениците на милениците во Охрид. Ветеринарната амбуланта ќе се стреми да прерасне во една најпопуларна и најпрофесионална болница, вели Јане Атанасов, доктор по ветеринарна медицина.
„Опремена е со апаратура за испитување на крв, ехо дијагностика, копролошки прегледи, лабораторија, хируршки интервенции и Пет Шоп. Ќе имаме консултативни сесии, известувања, промоции, бесплатни...