Зегин подари телевизор на Црвен Крст

Корпоративната компанија Зегин ги израдува децата кои ги посетуваат часовите по музико терапија во ОО на Црвен крст Охрид. Оваа компанија им подари нов плазма телевизор, кој на децата ќе им овозможи да имаат поразлични активности слушајќи и гледајќи спотови со музика соодветна за нив.

 |  Николоска Биљана  | 

Големата Фармацевстка компанија Зегин подари плазма телевизор на охридскиот Црвен Крст. Телевизорот веднаш си го најде своето место. Тој ќе служи за децата со посебни потреби коишто секој петок ја посетуваат музико терапијата во просториите на Црвениот Крст. Секретарот на Црвениот Крст Мимоза Ставрева изрази голема благодарност кон компанијата Зегин, истакнувајќи дека телевизорот е уште една успешна приказна на соработката на Црвениот Крст со корпоративниот сектор.

„Јас само ќе кажам кратко дека децата тука се чуствуваат одлично имаат пријатна атмосфера, со нив работат дипломирани психолози и дефектолози, ги имаат неопходните услови кои што се потребни за музико терапијата, меѓутоа овој телевизор сигурно уште повеќе ќе овозможи да имаат поразлични активности да не се сите еднакви и да им е поубав секој петок во Црвен Крст

А дека децата навистина се чувствуваат пријатно и дека си имаат свое катче на забава покажува примерот на Мартин и Емилија кои навистина беа исклучиво дружељубиви и подготвени за соработка и интервју пред нашата камера.

„Убаво ми е овде, слушам музика и сакам да играм“

Претставникот на компанијата Зегин, Елеонора Дуданова, истакна дека подарокот од компанијата која што таа ја претставува стигнал во вистински раце.

„Корпорацијата Зегин како и секогаш се грижи за потребите на целокупната популација посебно за најмладите, а посебно со децата од оваа категорија. Така падна нашата одлука да подариме телевизор со што на децата ќи им станат поблиски песните и игрите кои се соодветни за нивната здравствена состојба“

Инаку, секој петок попладне, часовите по музико терапија ги посетуваат десеттина деца. Од Црвениот Крст велат дека останува отворена понудата за сите оние кои имаат потреба, посебно оние кои што истражувале и ги увиделе позитивните ефекти кои ги предизвикува ваквата терапија да дојдат и да се обратат во Црвениот Крст за да се приклучат кон групата што веќе ги посетува овие часови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top