Автор: Николоска Биљана

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда

Post Views: 4 Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда. На тој начин тие го изразија својот револт од бавната реакција на институциите за реашавање на проблемот со дивата депонија. Од струшко поле денеска повторно се издигаше чад кој ги гуши стружани. Депонијата повторно гори откако со тешки напори беше изгасната средината на јуни. Граѓаните не отстапуваат од своите барања, засилени мерки за контрола, чуварска служба, полициски надзор, но и казни за лицата кои ќе бидат фатени како ја палат депонијата. „Јас сабајле станав рано и во магла ја гледав цела Струга. Ова...

Continue reading

Македонските генијалци докажаа во Америка дека кантарионот ги убива бактериите

Post Views: 2 Македонските генијалци, покажаа како кантариoнот ги убива бактериите во човечкиот организм. Тоа на средношколците од приватниот колеџ Јахја Кемал, од Струга им го донесе второто место на Олимпијадата за генијалци која и оваа година се одржа во Освего универзитетот во САД. Јас и мојата другарка постојано бевме окупирани со тоа како нашата идеја да ја преточиме во стварност, вели Зафер Муарем ученик во „Јахја Кемал“. Тоа практично и го докажавме, со денови и ноќи работевме на нашиот пронајдок и во тоа успеавме, се надополнува на него и неговата другарка со која ја дели...

Continue reading

Ќато: Владата да свика вонредна седница за депонијата во Струга

Post Views: 1 Граѓанската иницијатива за решавање на проблемот со струшката депонија, покрај што ја мобилизира градската власт за надминување на проблемот, укажа и на големата потреба од вклучување и на централната власт. Глигор Ќато, дипломиран правник по професија смета дека постои правна празнина во Законот, поради фактот што нашата земја нема доволно легални депонии. „Во Р. Македонија според моите сознанија имаме само две легални депонии, Дрисла во Скопје и во Русино. Ние прво немаме легални депонии. Тука одма се јавува проблемот на согласности од соодветни министерства, а да...

Continue reading

Паднаа првите сет мерки за спас на стружани од дивата депонија

Post Views: 10 Формирана е комисија за спас на стружани од загадувањето кое го предизвикува дивата депонија на влезот од градот. Ова беше одлучено на Вонредната седница на Советот на општина Струга која беше неодамна одржана. Комисијата е составена од 5 члена, двајца од Советот, 2 од општинската јавна администрација, како и еден претставник на граѓанската иницијатива. Глигор Ќато претставникот на граѓанската иницијатива открива дека еден од првите чекори веќе бил направен, а тоа е остварување на средба со градоначалникот на Охрид, со цел заеднички пристап кон решение на проблемот. „Ние...

Continue reading

Во Струга најзастапено психичкото насилство

Post Views: 2 Психичкото е најзастапено врз жртвите на семејно насилство во Струга. Податоците кои ги пренесува Александра Лазареска од НВО Езерка Струга покажуваат дека за 2016 година на национално ниво бројот на пријави на жртви на семејно насилство изнесува 1.100. Денес во Струга се одржа работилница на тема „Родово, базирано и семејно насилство врз жените“. „Во изминативе три години жените се повеќе зборуваат за семејното насилство, не се повеќе потиштени како порано да се срамат да кажат дека се жртви на психичко или физичко семејно насилство“ Лазареска открива дека во последно...

Continue reading

Разрешен претседателот на Советот на општина Струга

Post Views: 6 Разрешен претседателот на струшкиот Совет, Абдула Ќазимоски. На негово место како претседавач беше поставен Ристе Ќушкоски. Тоа се случи по предлог дополнување на дневниот ред со точка Разрешување на претседателот на Советот, на денешната седница на Советот на општина Струга, побарана од страна на Муамед Истрефи советникот од ДПА. Абдула Ќазимоски укажа дека со едно вакво предлог барање прекршени биле неколку деловнички прописи согласно статутот на Советот на општина Струга. „За да се одржи координација за денешната седница, одговорот од администрацијата беше дека истата...

Continue reading

Стружани побараа трајно решение на проблемот со депонијата

Post Views: 1 Трајно и темелно решение на проблемот со депонијата, побараа стружани. Тие и денес преку спонтан и мирен протест пред општинската зграда ја искажаа нивната загриженост околу проблемот со дивата депонија на влезот од градот која неколку дена гори и од неа се шири чад и неподнослива миризба. Тие понудија решение преку три сегменти, помалку ѓубре, рециклажа, согорување во инцинератор. Билјана Станојчиќ во име на групата истакна дека одговорноста е на општина Струга, односно на Советот и дека под итно треба да реагираат. „Прво треба да се изгасни пожарот. Мене не ми е јасно...

Continue reading

Струга влегува на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси

Post Views: 3 Струга и Македонија влегуваат на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси. Денес во хотел Дрим Струга започна првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија. Самитот е посветен на свадбената и портрет фотографијата, вели Ангел Ангеловски дел од организациониот тим на продукцијата “Ангеловски фотографи“, кој појасна од каде потекнала идејата за организација на еден ваков голем настан. „Идејата се роди пред 5-6 месрци кога Грег прв пат дојде на работилница во Скопје во Мериот, видовме дека има потенцијал во Македонија и дека вакви...

Continue reading

Ќе се реновира и третиот блок од СОУ „Нико Нестор“

Post Views: 3 Продолжуваат активностите околу реновирањето на Средното општинско училиште „Нико Нестор“ од Струга. Бројните градежни зафати кои менаџерскиот тим ги презеде последниве две години сосема го променија ликот на овој образовен центар, така што со право може да се каже дека денес наликува на современо училиште каде што полека но сигурно се обезбедуваат сите потребни услови за одвивање на наставно – образовниот процес. Првиот човек на ова струшко училиште Никола Затуроски, вели дека се гордее со се она што е досега постигнато, но не запира тука. „Јас се наоѓам на година...

Continue reading

Јубилејно издание на фестивалот „Обединети во различностите“

Post Views: 0 Индиската, арабската, викиншката и балканската култура претставени на фестивалот за култури и цивилизации „Обединети во различностите“. И оваа година учениците од колеџот „Јахја Кемал“ традиционално го реализираа овој настан, кој е организаиран од клубот по социологија. Креативноста на учениците и нивниот самостоен труд, годинава навистина отскокна во споредба со минатите години. Главниот акцент беше ставен на индивидуалните маски кои беа изработени на висина на задачата, бидејќи учениците успешно доловија различни култури, субкултури, формални и неформални групи и феномени...

Continue reading

Питачењето сериозен проблем во општина Струга

Post Views: 2 Питачењето сериозен проблем во општина Струга. Со цел да се надмине овој проблем како и да се изнајдат мерки кои треба да бидат преземени од страна на локалните власти, Центарот на заедницата на општина Струга организираше панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“, како дел од нивната програма за реализација во 2017 год. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, истакна дека потребно е подолг временски период за надминување на овој проблем со координирано делување на надлежните институции кои се занимаваат со оваа проблематика. „Најчесто...

Continue reading

Презентиран Регистарот на потенцијалите за развој на рурален туризам

Post Views: 1 Дефинирани и приоритизирани околу 25 атрактивни локации каде што може да се развие рурален туризам во 9 те општини од Југозападниот плански регион. Денес во хотел Дрим Струга беше промовиран регистарот на потенцијалите за развој на туризам, како завршен настан во рамки на проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“. „Во рамки на сите општини, особено во руралните средини идентификувани се повеќе локации каде што може да се развиваат форми на селективни видови на туризам или алтернативен, не овој класичен езерски што го имаме. Практично...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top