Јубилејно издание на фестивалот „Обединети во различностите“

„Обединети во различностите“. Традиционално и оваа година во колеџот „Јахја Кемал“ во Струга се одржа фестивалот за култури и цивилизации. Настанот е во организација на клубот по социологија кој е во рамките на овој колеџ.

 |  Николоска Биљана  | 

Индиската, арабската, викиншката и балканската култура претставени на фестивалот за култури и цивилизации „Обединети во различностите“. И оваа година учениците од колеџот „Јахја Кемал“ традиционално го реализираа овој настан, кој е организаиран од клубот по социологија. Креативноста на учениците и нивниот самостоен труд, годинава навистина отскокна во споредба со минатите години.

Главниот акцент беше ставен на индивидуалните маски кои беа изработени на висина на задачата, бидејќи учениците успешно доловија различни култури, субкултури, формални и неформални групи и феномени кои одбележале одредено време или движење низ историјата до денес. Посетителите имаа можност да видат одлична интерпретација на карактери од неколку култни филмови како “Фамилијата Адамс”, Трипл Икс, Пиратите од Карибите, Пипи Долгиот чорап” и многу други.

Заменик директорот Коста Хиохи истакна дека преку организацијата на еден ваков настан Управата на колеџот сака да ги поттикне учениците да ги истражуваат и осознаваат различностите на останатите народи, но и да се релаксираат и забавуваат пред многубројните натпревари кои им претстојат. Годинава, фестивалот за култури и цивилизации “Обединети во различностите” одбележува и еден мал јубилеј, пет години од своето постоење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top