Автор: Николоска Биљана

Ашталкоски: Заедно ќе изградиме живот во Струга за сите

Post Views: 1 Ќе го направиме најдоброто за нашата општина бидејќи јас и мојот тим го носиме духот на заедништвото, истакна Васил Ашталкоски, при денешното негово прво претставување како кандидат за градоначалник од коалицијата на СДСМ на општина Струга. Ашаталкоски истакна дека градот заслужува да се издигне на ниво кое ќе биде достојно за почит во сите сфери од општественото живеење. „Заедно, сите етнички заедници, сите христијани и муслимани, каков што е и составот на нашата советничка листа, ќе изградиме живот во Струга за сите. Имаме план одговорно, квалитетно и домаќински за...

Continue reading

Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица

Post Views: 5 Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. Во манастирскиот комплекс во селото Калишта струшко се наоѓа единствената икона т.н. Црна Богородица која на овој ден е масовно посетена. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што се молеле пред нејзините икони за да добијат пород. И денес ако го посетите овој манастир ќе се сретнете со луѓе кои сведочат...

Continue reading

Далчески: Струга стана специфично место за работење во туризмот

Post Views: 0 Струга стана специфично место за работење во туризмот. Многу околности влијаат врз тоа, смета Предраг Далчески управителот на двата струшки хотели „Плажа“ и „Галеб“, кои според нивната местоположба се на атрактивни локации во оваа општина. Далчески вели дека задоволен е од оваа туристичка сезона и покрај сите проблеми кои се случија пред сезоната, во Охрид земјотресите, во Струга депонијата. „Тука сепак морам сепак да се надоврзам на уреденоста на Струга, плажите кои се издадени под концесија, апсолутно несредени плажи, нерегулирани паркинзи се соочувавме со многу проблеми,...

Continue reading

Реформаторите на ВМРО – ДПМНЕ меѓу стружани

Post Views: 5 Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ денеска беа меѓу стружани. Последниве години партијата застранила од вистинските вредности, рече иницијаторот за реформирање и внатрепартиска демократизациј на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Михајловски. Тој денесво Струга пред насобраните граѓани порача дека партијата мора заеднички и што помасовно да ја вратат во вистинската насока да делува за народот, бидејќи според него ВМРО – ДПМНЕ била и ќе остане народна политичка партија од и за народот. „Тоа што се случуваше изминатите години, тој елитизам и тоа затварање и носење на одлуките од страна...

Continue reading

Ден на водни спортови“, празник за стружани

Post Views: 6 „Ден на водни спортови“. Втора година по ред градот на две води, Струга, го организира овој настан, кој прераснува во традиција. Ентузијазмот на младите е посилен од сите проблеми со кои последниве години се соочуваат водните спортови на нашиве простори, вели претставникот на организациониот одбор Иван Андрески, додавајќи дека енергијата, целта и успехот на младите спортисти веќе ја мапирааат Струга на Европската карта на водени спортови. Но Андреески открива дека ниту Локалната самоуправа на градот, ниту Агенцијата за спорт и млади не партиципира со никаква помош за...

Continue reading

Алиу: Некогашниот пливачки базен во Струга претставува опасност за учениците

Post Views: 8 Остатоците на некогашниот затворен пливачки базен во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга останува нерешен проблем, за градот но и државата. Сликата на овој своевремено репрезентативен објект каде се калеа многу пливачки имиња не само од Струга и Охрид туку и пошироко во моментов е најгрдата слика во туристичка Струга, место на наркозависници и депонија. Но најновo директорот на училиштето Шкелким Алиу предупредува дека овој објект е опасност за учениците. „ Веќе 4 години се обраќаме до Локалната и Централната Власт со цел да се најде решение за базенот, кој е ризичен и...

Continue reading

Месопреработувач – нов профил во „Нико Нестор“ Струга

Post Views: 11 Сеуште има слободни места во Средното општинско училиште Нико Нестор од Струга. Голем е бројот на ученици кои не се запишани во јунскиот и августовскиот уписен рок во струките кои се застапени во ова училиште открива новиот директор на оваа установа Миле Попоски. Тој додава дека сите тие имаат уште една шанса во слободниот упис кој ќе биде на почетокот на месец септември. „Имаме геодетска струка, техничар и архитектонска струка што се застапени само во нашево училиште од регионов и повеќето ученици се запишуваат од нашиов регион, малку доаѓаат од соседните општини,...

Continue reading

Ренџов: Наградата за мене е поклонение пред браќата Миладиновци

Post Views: 3 Михаил Ренџов е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 за книгата „Јас. Елегии“. Од вкупно 38 изданија на Конкурскот распишан од СВП, членовите на жири комисијата се одлучија за делото на Ренџов по претходно направените критичко – аналитички согледби, изјави претседателот на комисијата Глигор Стојковски. „Новата поетска објава на Ренџов изобилува со извонредни креативни решенија што успешно составуваат формално стилска синергија. Високата, строга и ригорозна парадигма се гради на сите нивоа што доведуваат до одлични резултати чиј идеал е софицистирана и рафинирана...

Continue reading

Почнаа Струшките вечери на поезијата

Post Views: 3 Денес во Струга со садење дрво и поетско читање на „Тга за југ “во чест на добитникот на „Златниот венец“, Чарлс Симиќ, почна фестивалот Струшки вечери на поезијата. На годинешново 56 то фестивалско издание ќе биде презентирано творештвото на Симиќ кој важи за еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти истакна директорот на СВП Мите Стефоски. „Се работи за една исклучителна творечка појава која не само во и американската туку и во светската поезија од поодамна е познат и на нашиите простори и многу преведуван. Тој потекнува од Србија и неговата...

Continue reading

Во 21 век, вода ни за лек во Струга

Post Views: 0 Под мотото „21 век, а нема вода за лек“, стружани денес пред зградата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод, излегоа на протест. Тие пред дел од раководните структури го кренаа својот глас укажувајќи дека се редовни плаќачи на оваа комунална давачка и дека не ги интересираат проблемите со кои се соочува ЈП, од типот, слаба наплата, наводнување на ниви, бајпаси од куќа на куќа, дотраена мрежа итн. Тие бараат вода, за која ЈП законски е обврзано да им ја достави бидејќи редовно плаќаат секој месец. „Проблемот е заради недостигот на вода, што ни се случува секое лето, но оваа сезона...

Continue reading

Струга без вода на плус 40 степени

Post Views: 6 Слабиот притисок на водата за употреба или воопшто немање вода дури и по десет часови на ден е реален пробем со кој се соочуваат стружани години наназад. Проблемот за жал е присутен и оваа сезона, посебно во третиот и четвртиот реон на општина Струга, односно на потегот од Основниот Суд до факултетот ФОН. Од Р.Е. Водовод Струга, со оправдување, но не и со конкретно решение дека проблемот може да се надмине. „Изворите се драстично намалени посебно изворот во Шум и Горна Белица. Втор проблем е ненаменски користење на водата за поливање на зелени површини и миење возила,...

Continue reading

Слабиот притисок на вода негативно влијае врз туризмот во Струга

Post Views: 3 Струга и оваа туристичка сезона со слаб притисок на вода. Преку ден може да се начека по некој млаз, додека пак во вечерните часови се случува и воопшто да нема. Овој проблем кој неколку години се провлекува, сериозно влијае врз туризмот, опоменуваат струшките хотелско угостителски работници. Науме Угреновиќ, менаџерот и сопственик на Монтенегро Струга, вели дека странските туристи изразуваат поголем револт. „Посебно кај странските гости не можеме да се оправдаме, за нив малку е чудна таа појава сабаје рано наутро нема вода. Ние се правдаме дека тоа не е до нас бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top