Автор: Николоска Биљана

jahja

Спортски турнир Јахја Кемал 2014

Post Views: 1 70 основни училишта со околу 750 ученици од југозападниот регион на Македонија си ги одмерија силите, машките во кошарка, а девојките во одбојка. Годинава по петти пат се одржа спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014“. Коста Хиохи професор по фискултура нагласи дека турнирот бил поделен на етапи, за да се одберат најдобрите. „Секоја година сме побројни, годинава можеме да се пофалиме со навистина квалитетен турнир, видовме дека децата покажаа огромно познавање во спортската игра машките во кошарка девојките во одбојка, покажаа еден голем фер плеј што навистина е да кажам...

Continue reading

kamion

Ќе се гради катна гаража во Струга

Post Views: 4 Струшкото ЈП „Комунално“, бара финансиски извори за извлекување на претпријатието од големите наследени долгови со кои во моментов се соочуваат.Еден од изворите кој што го предвидел комуналното претпријатие со поддршка на Локалната самоуправа од Струга е изградба на катна гаража на влезот во Струга на патниот правец Струга – Дебар. „Ние планираме сме во тек за еден добар зафат што се однесува на просторот околу зелениот пазар во догледно време за краток период планираме да градиме еден паркинг гаража во делот на зелениот пазар. Планираме и уредување на тој простор....

Continue reading

dpa

Села: Тачи да си поднесе оставка, ако ги изгуби изборите

Post Views: 6 Зад нас стојат и Статутот на ДПА и целокупното членство, заедно со раководството на струшката партиска организација, и Мендух Тачи нема право да разрешува ниту еден член од партијата, изјави Зијадин Села на денешниот брифинг со новинарите во Струга. Заедно со членството на огранокот прогласивме мораториум, нема политички активности и го замрзнвме нашето учество во изборниот процес, ако ги изгубиме изборите ќе побараме Тачи да поднесе оставка, додава Села. „Ова е одлука на двајца тројца од централата или можеби на еден , а другиот дел што се однесува дека јас и претседателот...

Continue reading

kajmakoski

Кајмакоски спектакуларно дочекан во Мислешево

Post Views: 1 Даниел Кајмакоски вчера се врати во родното место Мислешево, струшко. Над 5000 илјади фанови на победникот на првиот регионален „Х – Фактор, му приредија спектакуларен дочек“. Еуфорија, солзи, хистерија, радост, беше дел од атмосферата на присутните, но и емоциите на Кајмакоски беа големи. „Мислам дека повеќе имав трема да дојдам дома него на Х-Фактор финалето, таму бев многу опуштен, овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели меѓу својте луѓе е стварно нешто посебно“- вели Кајмакоски. После краткиот престој во Македонија, како што изјави Кајмакоски, тој се враќа во...

Continue reading

dijaliza

Заводот за нефрологија Струга, функционира и без срцето на установата, хемодијализата

Post Views: 0 Заводот за нефрологија функционира и без срцето на установата, хемодијализата. Првиот човек на институцијата Сами Мена вели дека не е против приватна дијализа, туку нивните реакции до ресорното Министерство за здравство биле да им укажат дека Заводот за нефрологија е од суштинско значење за Струга бидејќи тука се вршеле многу дејности, од дијагностика, лечење па се до хемодијализа. Мена нагласи дека Заводот располага со болнички, уролошки, дијагностички дел, со трансфузија и физикална терапија, како и сопствена инфективна амбуланта со најдобри лабараториски делови и...

Continue reading

deponii

Дивите депонии реален проблем во струшкиот регион

Post Views: 7 Дивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор. „Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни...

Continue reading

most drim

Струга градот на мостовите, остана без мост

Post Views: 6 Струга е град на мостовите. Овој епитет кој го носи градот на двете страни на реката црн Дрим не е бадијала кажан, бидејќи постарите стружани паметат дека некогаш во овој град имало над 100 мостови. Тие претежно биле од дрвена конструкција, адаптирани за разни потреби, и ги имало во секој реон. Таму жените переле алишта бидејќи порано немало водовод и канализација, се присетува нашиот соговорник Аспарух Попоски еден од постарите стружани. „Со тек на време кога се регулира нивото на езерото и Дримот се направија други мостови од бетонска конструкција, со арматура, бидејќи...

Continue reading

crkva vranista

Се подготвува голема музејска поставка во Враништа

Post Views: 0 НУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година. „Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден...

Continue reading

trska

Изгоре трската во Подмолје

Post Views: 2 Изгоре голема површина на трска кај Подмолје. Пред два дена, сите оние кои поминаа по стариот пат Охрид – Струга имаа можност да забележат како пламените јазици проголтаа добар дел од трската, која претставува природен филтер. Екологистите потсетија кое е значението на заедниците на трска. „Со уништување на трската, не се уништива само како растение, туку се уништуваат и живеалиштата на птиците, нивните гнезда, потоа живеалиштата на ципровидните риби исто така се уништува и трската која што значи природен прочистувач на водите од Охридското Езеро  и комплекс кој што...

Continue reading

kontener

Струга ја подобрува хигиената

Post Views: 1 Струга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот. Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона. Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни...

Continue reading

amerikansko katce

Секој може сам да си испечати маица

Post Views: 0 Ново искуство пред средношколците во Струга. Денес во Американското катче, целна група од 20 ученици од двете струшки гимназии сами си изработија маица на еден нов, лесен и интересен начин. Со техниката ги запозна Џеси Робертс креативниот диртектор Rise up international. „Денес се фокусиравме на печатењето на маиците сега втората сесија ќе биде сито печат и најлесно печатење на маици и постери. Јас многу едноставно почнав во Америка правејќи модели на хартија па со спреј бои ги прскав на маиците и така заработував. Значи идејата на ворк шопот е всушност користење на...

Continue reading

struga

Предизборната политичка клима во Струга се вжештува

Post Views: 8 Политичката предизборна клима во Струга се вжештува. Во партиските  штабови  листите на кандидати за пратеници  деновиве треба да ја добијат конечната форма. Општинските партиски организации на своите централи, како по правило, ќе им понудат списоци, за да можат луѓето од партискиот врв да ја направат најдобрата селекција. Додека пак во општинските комитети имаат поинаква процедура, нивните кандидати за пратеници ќе се знаат два дена пред истекот на рокот за доставивање до ДИК кој  е до 29 ти март до 12 часот. Во струшката чаршија веќе се спомнуваат имињата на некои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top