Post Views: 4
Тие што со години наназад беа најголемите, најгласните и најревносните противници на издавањето на јавните паркинг простори во градот под закуп или концесија со Јавно приватно партнерство, сега тоа истото им го предлагаат на народните избраници во општинскиот совет, велат од ОО на СДСМ. Портпаролот Александар Кузески кажа дека допрва охриѓани ќе бидат принудени да плаќаат огромни судски оштети поради со сила раскинатите и поништени договори за закуп и за концесија на паркинзите.
„Пред извесно време паркинзите, од сопственост на општината, со одлука на Советот повторно...
Post Views: 2
Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 часот ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и 7 те јарина“.
Директорката, Драгана Боцеска, потсетува дека оваа претстава премиерно била изведена на крај од 2013 година, и од тогаш па досега не престанувал интересот на помладата публика за нејзино репризно прикажување.
Боцеска категорична дека Центарот за култура ја негува младата популација со тоа што ја упатуваат во тајните на уметноста, посебно во балетот.
„Интересно е тоа што во оваа претстава учествуваат деца од 4 до 15 годишна возраст. Вклучени се...
Post Views: 1
Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија.
„Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација...
Post Views: 2
Денот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи дека...
Post Views: 7
Од годинава ќе почне одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим. Одлука била донесена од страна на Дрим КОР – групата, а одбележувањето ќе биде на 5 ти Мај. Последниве 6 години интензивно се работеше на добивање на проект за управување со басенот на реката Црн Дрим. Проектот беше одобрен во 2012 година од страна на Глобалениот Еколошки Фонд, за да во 2013 се отпочне со негова имплементација. Дејан Паноски нагласи дека од проектот Дримски базен економски бенефит ќе имаат граѓаните кои што живеат крај басенот, бидејќи ќе се спроведуваат многу пилот проекти и работа...
Post Views: 30
На прагот сме на претседателски и предвремени парламентарни избори но на некои билборди во градов сеуште стојат изборни плакати од локалните избори 2013та. Охридските социјалдемократи на вчерашната седница на совет обвинија дека со тоа што не се отстранети плакатите со ликот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори и актуелен градоначалник Никола Бакрачески, се крши изборниот законик. Според законските одредби обврска на организаторот на кампањата е да ги отстрани плакатите во рок од 30 дена по завршувањето на изборите. Во спротивно, за организаторот на кампањата...
Post Views: 5
На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот...
Post Views: 1
Денес се одржа 21 та седница на Советот на општина Охрид. На дневен ред се најде само една точка и тоа поставување на советнички прашања. Динамиката на поставување на пршањата беше однапред утврдена и редоследот беше запазаен од страна на советниците. Советничката говорница прв ја употреби Тони Тунтев, координаторот на СДСМ. Неговото прашање се однесуваше на превработеноста во Локалната самоуправа и во ЈП.
„Зошто се вработуваат или колку се вработени нови луѓе во Локалната и во ЈП ако знаеме дека основната жалба на Локалната власт беше дека Јавната администрација е...
Post Views: 3
Синдикатите на Македонија и Црна Гора ги разменија своите позитивните искуства во законодавството на двете земји, во делот на Законот за работни односи. Темата на кој дебатираа претседателите на синдикатите на двете земји е „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“. Слободан Антовски од УНАСМ нагласи дека постојат многу аномалии околу вистинскиот социјален дијалог во земјава. Додава дека УНАСМ не учествува на седниците на Социјално економскиот совет, кој функционира од 2010 година и дека се многу критични кон...
Post Views: 2
Огромни суми на средства за репрезентација биле потрошени од страна на СДСМ за нивното 8 годишно владеење, од 2006 до 2013 година, обвинуваат од владеачката партија. Тие денес и детално ги обелоденија цифрите. Најниската сума е забележана во 2005 година и истата изнесува 743, 572 денари додека пак во 2012 година за реперезентација потрошени биле 6, 593 415 денари. Советникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Арнаудов, вели дека сеуште останува нејасно како СДСМ се обидува да се амнестира од принципот на недомаќинско работење и енормно трошење на парите на граѓаните на Охрид. Тој...
Post Views: 4
Во тек е пререгистрацијата на невработени во Охрид. Во општинава има околу 5500 невработени носители на право на здравствена заштита или заедно со осигурениците на нивно име тоа е околу 10 000. Досега над 2400 илјади или 45% од осигурениците од Охрид извршиле пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување. Рокот изминува на 31 март. 6000 илјади осигуреници можат да останат без здравствено осигурување доколку не извршат пререгистрација во тој рок, предупредува првиот човек на Фондот Славе Крстаноски.
„Морам да кажам дека одзивот е прилично слаб на ниво на Македонија,...
Post Views: 4
Се додека СДСМ се занимава со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа јасно е дека станува збор за дела, бидејќи ВМРО во целост ја покажа својата отчетност кон граѓаните на Охрид, велат од ВМРО – ДПМНЕ, како одговор на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид. Но како што кажа портпаролот Никола Митровиќ граѓаните на Охрид добро знаат за празните ветувања на СДСМ. Митровиќ ги запраша охридските социјалдемократи дали со заминувањето од власт се амнестирале од како што рече, сите неправди кои ги направиле кон Охрид. Тој уште еднаш упати критика кон...