на билбордите во Охрид сеуште плакати од минатите локални избори

И после речиси година дена од Локалните избори на булеварот Туристичка, пред хотел Ревиера, влашка маала и на други места сеуште има билборди со ликот на тогашниот кандидат а сега градоначалник на Охрид. д-р Никола Бакрачески. Со неотстранување на  плакатите од билбордите  се крши изборниот законик обвинија охридските социјалдемократи.

 |  Николоска Биљана  | 
bilbordi
билборди

bilbordiНа прагот сме на претседателски и предвремени парламентарни избори но на некои билборди во градов сеуште стојат изборни плакати од локалните избори 2013та. Охридските социјалдемократи на вчерашната седница на совет обвинија дека со тоа што не се отстранети плакатите со ликот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори и актуелен градоначалник Никола Бакрачески, се крши изборниот законик.  Според законските одредби обврска на организаторот на кампањата е да ги отстрани плакатите во рок од 30 дена по завршувањето на изборите. Во спротивно, за организаторот на кампањата предвидени се  казни од 500-2000 евра.  Од општинскиот инспекторат велат дека париите биле опоменати да ги отстранат заостанатите плакати но досега не била изречена парична казна. Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов вели дека билбордите за локалните избори ги закупила партијата на централно ниво а фирмата која стопанисува со нив, Лазов груп на време била информирана дека треба да се отстранат плакатите.  Зошто тоа сеуште не е направено Михаилов нема одговор. Негови сознанија се дека Лазов Груп имале финансиски проблеми и тој не знае дали воопшто функционираат. „Не можиме ние да ги отклучиме билбордите на компанијата што стопанисува со нив. Зошто компанијата вака се однесува таму ќе си проверите, вели Михаилов.

bilbordiСе обидовме да стапиме во контакт со  Лазов груп на телефонскиот број од нивната официјалан веб страна но ни кажаа дека Лазов Груп се отселиле од просториите и сега таму работи друга фирма Еуролинија. Од Локалната пак велат дека комапниајта Лазов груп има важечки договор со општината за поставување билборди склучен во 2011 со трајност до 2016та.
Инаку, на вчерашната седница, координаторот на ОО СДСМ, Томислав Тунтев кажа дека не само што плакатите цела година не биле отстранети туку во меѓувреме биле и обновени. Тунтев праша колку пари се трошат на едно такво незаконско рекламирање. Градоначалникот Никола Бакрачески, немаше сознанија  каде точно сеуште постоеле изборни плакати но вети дека ќе бидат отстранети. А што се однесува на обвинувањето за парите кои наводно се трошеле за такво рекламирање, Градоначалникот дециден дека Општина Охрид и јавните претпријатија досега не дале ниту денар за поставување на такви изборни материјали.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top