Волкот и 7 те јариња повторно пред младите охриѓанчиња

Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 часот ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и 7 те јарина“.

 |  Николоска Биљана  | 
pretstava
претстава

Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12 часот ќе се прикажува детската балетска претстава „Волкот и 7 те јарина“.

pretstavaДиректорката, Драгана Боцеска, потсетува дека оваа претстава премиерно била изведена на крај од 2013 година, и од тогаш па досега не престанувал интересот на помладата публика за нејзино репризно прикажување.

Боцеска категорична дека Центарот за култура ја негува младата популација со тоа што ја упатуваат во тајните на уметноста, посебно во балетот.

„Интересно е тоа што во оваа претстава учествуваат деца од 4 до 15 годишна возраст. Вклучени се околу 40 сетина деца кои што се активни членови во балетското студио Ви За Ви, кое што работи под раководство на Јулија Милески во Центарот за култура уште од 2008 год, активно работат одржуваат проби ова им е веќе трета претстава која што ја организираат и како што е одекот на публиката навистина претставува едно интересно дело во кое што младите балерини имаат професионален пристап и чувство за сцената и публиката“– вели Боцеска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top