Автор: Николоска Биљана

bazen

Пуштен во употреба отворениот базен

Post Views: 7 Пливачите на ПК Делфина го сефтосаа големиот пливачки базен кој работи во рамките на ЈП „Билјанини извори“. Од денес и официјално започна со работа отворениот базен за рекреативна и професионална употреба. Првиот човек на Билјанини Извори Ристе Мише, рече дека после месец дена континуирана подготовка за пуштање во употреба на малиот и големиот пливачки базен успеале да ги обезбедат најбитните услови. „Во изминатиот периот ги направивме сите потребни санации припреми и проверки и системот за третирање на водата што за мене е најбитниот дел од припремите за пуштање во...

Continue reading

demir dalip

Меморандум за соработка во социјалната сфера

Post Views: 6 Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид. „Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи социјалните...

Continue reading

свр

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 3 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално...

Continue reading

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова. „Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Continue reading

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 2 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален...

Continue reading

opstina ohrid

Охрид воведува ред во урбаната опрема со електронски систем

Post Views: 1 Електронски систем за  конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема. Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот. Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15 дена да...

Continue reading

ribari

ЗРСК „Св Стефан“ го даде и првиот државен репрезентативец

Post Views: 1 Деновиве Струга беше домаќин на Државното првенство во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи, кадети (деца до 14 години) и јуниори ( од 15 до 19 годишна возраст). На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Р.Македонија. Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението риболовци Св Стефан од Охрид. Илија Рупев беше најдобриот поединец кој го освои петтото место  во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети.  Државното првенство...

Continue reading

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 3 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници....

Continue reading

razigrano oro

Осмо издание на фестивалот „Разиграно оро“

Post Views: 1 Фолклорниот фестивал „Разиграно оро“ според бројот на учесници убедливо го држи приматот, најмасовна манифестација од овој вид во земјава. И оваа година околу 1000 играорци и музичари од неколку европски земји ќе учествуваат на осмото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Зоран Симјаноски организацискиот секретар на фестивалот вели дека и годинава на 30 јуни односно понеделник ќе имаат убаво дефиле низ градот, како би можеле охриѓани и туристите кои престојуваат во градов да ги видат сите ансамбли. Додава дека наредните денови односно први и втори...

Continue reading

kontenjeri

Охрид доби 200 нови пластични контенјери

Post Views: 8 Охрид доби 200 нови пластични контенјери. Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ во централното градско подрачје, веќе отпочнаа со замена на металните контенјери со пластични. Како што кажа првиот човек на ЈП Елена Скрческа, пластичните контенјери ги набавиле од сопствени средства, а истите имаат многу предности. Бучавата од металните контенјери која досега се правеше при подигање и враќање на местото, драстично ќе се намали но и пристапот на екипите задолжени за нивно подигнување ќе се ослесни, додава директорката. „Прво во тежина се полесни трипати, второ и маат полесни...

Continue reading

сала

ЈП „Билјанини Извори“ времено го реши проблемот со струјата

Post Views: 2 Проблемот со електричното напојување во ЈП „Билјанини Извори“, времено решен. Откако на 16 јуни ЕВН ја исклучи струјата во објектите на Билјанини Извори поради неплатен долг, од ЈП излегоа само со информација за колкава сума станува збор и дека истата била наследена. Директорот на претпријатието Ристе Мише неколку дена додека наводно се одржувале состаноци со претставници на ЕВН не даваше никакви коментари. Денес обелодена како дошло до временото решение. „Од понеделникот ЈП „Билјанини извори“ повторно е приклучено со напојување со електрична енергија, благодарение на...

Continue reading

znaci

Охриѓани совесно да се однесуваат кон сообраќајните знаци

Post Views: 24 Се уништува и краде сообраќајната сигнализација низ охридските улици. Локалната самоуправа само пред неколку дена започна со акцијата за поставување нови сообраќајни знаци низ улиците во Охрид. Тие беа поставени на местото на старите, уништени или искршени од неодговорни граѓани, со што на овие сообраќајници беше загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, вели Љупчо Танески од  Сектор за комунален развој и сообраќај. Додава дека за жал оваа појава продолжува и понатаму и сериозно биле загрижени поради тоа. „Претставув смешно и трагично, меѓутоа такви се навиките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top