Охрид доби 200 нови пластични контенјери

Охриѓани од денес па натаму сметот ќе го одлагаат во нови пластични контенјери. Доколку овие садови граѓаните правилно ги користат, нема да се шири непријатна миризба, но и животните нема да можат да го вадат и растураат сметот насекаде .

 |  Николоска Биљана  | 
kontenjeri
контенјери

skrceskaОхрид доби 200 нови пластични контенјери. Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ во централното градско подрачје, веќе отпочнаа со замена на металните контенјери со пластични. Како што кажа првиот човек на ЈП Елена Скрческа, пластичните контенјери ги набавиле од сопствени средства, а истите имаат многу предности. Бучавата од металните контенјери која досега се правеше при подигање и враќање на местото, драстично ќе се намали но и пристапот на екипите задолжени за нивно подигнување ќе се ослесни, додава директорката.

„Прво во тежина се полесни трипати, второ и маат полесни се за манипулацина подигање и оставање на самот место и имаат капак. Доколку граѓаните правилно го користат капакот тоа е поголема предност и за нив и за околината околу нив. Нема да се шират миризби нема да скокаат живнотни внатре и околу нив. Со мал напор ќе го подигнат капакот ќе го фрлат сметот и ќе го затворат“  – вели Скрческа.

kontenjeriПокрај многуте предности кои ги имаат новите пластични контенјери, Скрческа нагласи дека тие имаат само една мана, на која граѓаните треба да обрнат посебно внимание, односно да не фрлаат во нив запалливи материи и пепел. Скрческа и во оваа прилика рече дека сеуште треба да се работи на подигнување на свеста кај населението за селекција на отпадот.

„Такви имаме поставено на неколку места сега, засега слабо се користат затоа што на исто место се фрла и пластиката но со едукација ќе настојуваме и тоа да заживее односно уште на старт да се селектира отпадот“ – додава Скрческа.

Предвидено е наредниве неколку дена да се заменат сите садови за отпад во централното градско подрачје. Металните контенјери кои што се во исправна состојба ќе бидат однесени на местата каде што недостигаа садови за одлагање на отпад и во приградските населби, информираат од ЈП.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top