Post Views: 3
Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени.
„Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...
Post Views: 6
До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години.
Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот.
Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...
Post Views: 9
Ниту еден граѓанин не пријавил анонимно мито и корупција во Локалната самоуправа. Пред три месеци Локалната го промовираше телефонскиот број 046 262 469 како и eмaил адресата prijavikorupcija@ohrid.gov.mk на кој граѓаните анонимно можат да пријават службеници доколку им се случило да им побараат поткуп за одредена услуга. Од ваквиот податок може да се заклучи дека државните службеници совесно си ја вршат работата и нема злоупотреби на службата или граѓаните тешко се охрабруваат да пријават незаконски дејствија. Од „Транспаренси интернешнел Маседониjа“ велат дека ваквиот...
Post Views: 0
ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој, отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен...
Post Views: 45
Изложба на 22 дела од големиот охридски ликовен творец Вангел Наумовски насловена како „Портрети и ликови“ деновиве е поставена во куќата на Уранија во Охрид. После подолго време љубителите на неговата уметност имаат можност да се сретнат со неговите дела. Оваа колекција на слики за прв пат е пред очите на јавноста и како што рече неговиот потомок синот Рубенс Наумовски изложбата претставува блиц, ретроспектива на неговото творештво низ годиниве. Исто така тој нагласи дека годинава по повод двата големи јубилеи, 90 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, како...
Post Views: 8
Нема дозвола без сертификат за енергетска ефикасност. При издавањето одобрение за градба согласно законот мора да се обезбеди изјава и сертификат од лиценцирано лице или фирма за енергетска ефикасност. М-р Игор Шешо асистент на машинскиот факултет вели дека од 2015 година секој објект ќе треба да има сертификат за енергетски карактеристики. Додава дека пред еден месец на машинскиот факултет завршила обуката за енергетски контролори односно за лицата кои ќе вршат проценка на енергетските карактеристики на зградите.
„Со енергетски сертификат се пропишува колакава треба...
Post Views: 3
Прва официјална средба на двата града, македонскиот Охрид и романскиот Решица. Тоа значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и економијата . Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014- 2020 година.
„Ова е прва средба, благодарни сме што денес тие беа наши гости разговаравме на теми поврзани за и околу некои проекти од повеќе облести. Споменавме делот на турзмот, образованието, културната соработка, културното...
Post Views: 5
Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција.
Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани гранати со калибар...
Post Views: 3
Само 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта зграда, пред...
Post Views: 2
Започнаа активностите за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП “Билјанини извори.“ Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“.
Паркингот се очекува да биде ставен во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили, информираат од Локалната Самоуправа.
Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час. Добро е што просторот се уредува затоа што од пред една недела граѓаните...
Post Views: 1
Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости.
„Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат...
Post Views: 0
Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна станица...