Автор: Николоска Биљана

taksi postojka

Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Post Views: 3 Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона. „Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев...

Continue reading

grcka kujna

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Post Views: 12 Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив. „Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите...

Continue reading

mijalkov

И годинава одложена е изградбата на ул. „Јордан Мијалков“

Post Views: 4 Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините...

Continue reading

osloboduvanje

70 години слободен Охрид

Post Views: 0 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните...

Continue reading

kruzni

Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Post Views: 2 Реализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови. „Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас...

Continue reading

asp

Бакрачески во посета на компанијата АСП-ПАК

Post Views: 9 Градоначалникот Никола Бакрачески продолжува со своите посети на охридските стопански капацитети. Денес тој беше во АСП фабриката за производство на вреќи каде се запозна со производствениот процес како и со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Цел на Локалната Самоуправа е преку соработка, во рамки на своите ингеренции да им помогне на производствените капацитети во развојните стратегии, нагласи Бакрачески. Додаде дека еден од проблемите со кој се соочуваат компаниите е недостаток на квалификуван работен кадар и точно во тој дел ќе се одвива нивната соработка. „Ние...

Continue reading

andondukov

Резиденцијални објекти ќе се градат во Андон Дуков

Post Views: 1 Резиденциjални објекти ќе никнат кај Андон Дуков некогашното најпосетувано одморалиште на Охридското крајбрежје. На последната седница на охридскиот Совет беше усвоена предлог одлуката за прифаќање на иницијатива за изработка на урбанистички план за овој атрактивен локалитет. Изградба на резиденцијални објекти била предвидена во основниот урбанистички план кој бил донесен 80 тите години како што нагласи Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам. Но со измените на законот во 2013 година бидејќи основниот план не беше усогласен со новата законска регулатива, тој план се...

Continue reading

ipard

Нов повик за ИПАРД средствата

Post Views: 2 Нов повик за користење средства од ИПРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави вториот повик за оваа година за користење на средства од ИПАРД програмата. Земјоделците можат да аплицираат за средства по три мерки, набавка на трактори и приклучна механизација, отварање на мини фабрики како и за диверзификација и развој на економските рурални средини, односно развој на селскиот туризам. „Целта на оваа програма е инвестиција и модернизација обновување на земјоделските стопанства се со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот...

Continue reading

mal fudbal

Од сабота спортски училишни лиги во Охрид

Post Views: 5 Започнуваат со функционирање спортски училишни лиги во Охрид. Од оваа сабота учениците од охридските основни и средни училишта ќе се натпреваруваат во општински, зонски и регионални натпревари. Ова денеска го најави  првиот човек на градот, Никола Бакрачески. „На мое лично задоволство и како градоначалник и како доктор тоа е еден од начините на кој што општина Охрид води грижа за правилен психомоторен и физички развој на децата кои што учат во охридските основни и средни училишта се создаваат услови за развој на спортот и стекнување на одредени спортски вештини се развива...

Continue reading

soobrakajka

Автомобил удри во автобус на Галеб

Post Views: 0 Во автобус на АД Галеб кој сообраќал за Скопје утрово дирекно се судрил автомобил со битолски регистарски таблички веднаш после превојот Стража. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски , во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во Општата болница во Гостивар, бил префрлен во битолската болница. По налог на јавниот обвинител  увид на лице место направиле полициски екипи од ПС Гостивар.  Димоски изјави дека можна причина за незгодата е губење контрола на возачот над патничкото моторно...

Continue reading

kej makedonija

Кеј Македонија ќе добие нов лик

Post Views: 3 Општина Охрид објави конкурс за избор на  архитектонско идејно  решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот Македонија. Просторот за кој треба да се изработи идејно решение за уредување во моментов е оплеменет со зеленило и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, сметаат од локалната самоуправа но додаваат дека истовремено му недостасуваат квалитетни содржини, уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги првлекува домашните и странски посетители. Со конкурсот се бара идеја за партерно и хортикултурно уредување...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Партијата на власт се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај

Post Views: 1 Народот во Македонија е се посиромашен, а партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ е се побогата, обвинуваат охридските социјалдемократи. Томислав Тунтев претседателот на партијата на денешната прес конференција обелодена дека атрактивната локација во центарот на Охрид, односно новиот простор на ВМРО – ДПМНЕ чини над 300 000 илјади евра, а јавноста била штуро информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Па од таму прашуваат како владеачката партија успева да се богати и луксузира, кога партијата на Никола Груевски во 2011 годин имала долг од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top