Автор: Јаковлева Лионела

trgovija so luge

Жртва на трговија со луѓе може да биде секој

Post Views: 5   Младите барајќи подобро место под сонцето и трагајќи по егзистенција многу често се заплеткуваат во пајакова мрежа. Сомнителни лица, фиктивни компании со примамливи ветувања ги тераат да направат непромислен чекор впуштајќи се во опасни авантури така што многу лесно стануваат жртви на трговија со луѓе. Жртва на трговија со луѓе може да биде секој посебно  младите девојките кои се убави и посакувани бидејќи најлесно можат да се продадат. Ништо помал бројот не е и на децата со кои се тргува, вели Анета Јованоска, координаторот на проектни активности во охридскиот Црвен...

Continue reading

gradinka

Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон

Post Views: 28 Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон. Градинката „Јасна Ристеска“ израборила проект во кој е опфатено изучувањето на бон-тонот кај најмладата популација со кој аплицирала до Министерството за труд и социјална политика. Проектот не само што бил прифатен туку министерството решило да биде интегриран во програмата  што треба да се работи во текот на целата година во предучилишните установи. Во тек е изработката на прирачник по бон-тон. Целта е да се збогати однесувањето на децата во секоја ситуација и се надеваме дека ќе постигнеме добри резултатаи...

Continue reading

seminar

Англискиот јазик во градов се изучува по светски стандарди

Post Views: 2 Наставниците по англиски од градов и регионот се усовршуваат како да ги следат новите трендови во наставата. Денес за таа цел се одржаа две работилници организирани од Британскиот совет и Бирото за развој на образованието. Едната со наслов „Воспоставување добар однос со учениците“, а другата „Прилагодена настава, креирање на своја веб страница„. На ваков начин се придонесува кон подобрување на наставниот процес и изучувањето на англискиот јазик во Македонија, вели Зора Бушоска, советник  за настава по англиски јазик во Бирото за развој на образованието. Искуството покажа...

Continue reading

вмро

Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља

Post Views: 2 Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља.Конкурсот за нов претседател на општинската ВМРО кој беше распишан пред еден месец заврши и сега во тек е втората фаза кога од страна на комисијата  на Извршниот комитет се врши селекција на пријавените кандидатаи . Откога ќе се изберат неколкумина кои најмногу ги задоволуваат поставените барања  одат на интервју кај претседателот на партијата, а за конечниот избор на претседател на ОК одлучува Извршниот комитет. Михаилов речиси пет години...

Continue reading

nikola bakraceski

Градоначалникот заигра ракомет и фудбал

Post Views: 2   Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот. –Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме  спортскиот...

Continue reading

drva

Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување

Post Views: 2 Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку стовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се  преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат да...

Continue reading

terorizam

Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите

Post Views: 4   Припадници на  разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации седна на заедничка маса со цел да се изнајдат начини како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. На овој собир присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која рече дека ваквите настани се од исклучително значење за размена на информации и искуства помеѓу службите кои се грижат за националната безбедност во државите. Министерката кажа дека за прв пат на овој собир се отвориле...

Continue reading

gradinka

Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата

Post Views: 2 Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата и ниските температури кои се очекуваат. Градинката навреме набавила нафта , во три објекти сменета е дограмата се со цел да има поефикасно греење, а во „Росица“ по пат на донација добиле две печки со пелети така што проблемот со греењето и во овој објект е решен. Во моментов се врши и ремонт на парните котли, па директорката на оваа установа, Роза Костоска вели дека нема причина за никаква загриженост кај родителите. Се додека служат временските услови објектите на градинката ќе се загреваат со клима...

Continue reading

op[tina

Реакција од Локалната во врска обвинувањата од СДСМ

Post Views: 1   Небулозно е тврдењето на оваа партија дека градоначалникот Бакрачески не ги поздравил борците, бидејќи целата јавност заедно со борците го слушаа говорот на градоначалникот со кој беа поздравени.Очигледно говорот не го слушнало највисокото раководство на СДСМ – Охрид и нивните избрани советници во советот, бидејќи елитата од СДСМ не ги удостои борците и големиот празник 11 Октомври  со нивно присуство. Токму оваа елита која го игнорира празникот треба да се извини на борците за игнорирањето кон оние кои се бореа за слободата и устоличувањето на елитата од СДСМ на функции...

Continue reading

општина охрид

Став на Локалната самоуправа по случувањата на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври

Post Views: 3   Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците. Со чудење гледаме на преседанот, одбележување на празник кој е заеднички за сите граѓани на Македонија и е симбол на непокорот на македонците, да се злоупотреби во дневно политички цели и да се претвора во држење на политички говор...

Continue reading

сдсм

Реакција од ОО НА СДСМ

Post Views: 1   ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажа дека не ја почитува антифашистичката борба, борците од НОБ и државниот празник 11 Октомври. На свечената седница во Советот на општина Охрид, по повод државниот празник, градоначалникот Никола Бакрачевски не ги поздрави присутните борци од НОБ и ја напушти седницата за време на обраќањето на претседателот на Здружението на борците. Седницата ја напуштија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Сашо Василески. Ова е показател за игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон оние коишто се бореа за Македонија и кон оние кои...

Continue reading

svecena sednica

Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври

Post Views: 8   Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top