Жртва на трговија со луѓе може да биде секој

Младите девојки и децата најчести жртви на трговија со луѓе. Оваа опасност демне насекаде затоа охридскиот Црвен крст преку едукација на граѓаните прави напори да се намали бројот на жртвите во регионов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
trgovija so luge
трговија со луге

 

Младите барајќи подобро место под сонцето и трагајќи по егзистенција многу често се заплеткуваат во пајакова мрежа. Сомнителни лица, фиктивни компании со примамливи ветувања ги тераат да направат непромислен чекор впуштајќи се во опасни авантури така што многу лесно стануваат жртви на трговија со луѓе.

Жртва на трговија со луѓе може да биде секој посебно  младите девојките кои се убави и посакувани бидејќи најлесно можат да се продадат. Ништо помал бројот не е и на децата со кои се тргува, вели Анета Јованоска, координаторот на проектни активности во охридскиот Црвен крст.трговија со луге

Се претпоставува дека четири милиони лица годишно стануваа жртви на трговија со луѓе  а од нив 1,2 милиони се деца.Ова зло на денешницата кое е распространето насекаде во светот може да се спречи само со целосна и навремена едукација на младите, вели Анета Јованоска, координатор на проектни активности во охридскиот Црвен крст. Јованоска посебен акцент стави на вниманието што младите треба да го посветат кога сами заминуваат во некоја странска држава. Таа апелира кога се оди во странска земја обавезно да се направат копии од  личните документи, лицата да се информираат околу патничката агенција со која патуваат  и да ги дознаат контактите на амбасадите и конзулатите каде што патуваат, да одржуваат постојани контакти со семејството и блиските, пред да се аплицира некаде trgovija so lugeза работа да се провери дали фирмата има фиксен телефон, за заминувањето од државата да се известат барем две лица на кои ќе им се кажат телефонските броеви од местото каде престојуваат и да не се заминува тајно, да се научи матичниот број напамет, а ако граѓаните се сведоци на трговија со луѓе веднаш да пријават во полиција или во Црвен крст.

Многу често се оди во училиште и се врши едукација на оваа тема, се прожектираат филмови се прават монодрами се со цел да се запознаат младите со опасностите кои ги демнат. Еден виод на едукација е и врсничката едукација кога самите деца меѓу себе се советуваат кои работи не треба да ги прават и се опасни за нив, вели Јованоска.

Јованоска додава дека ова невладина организација во текот на цела година работи на оваа проблематика, а најинтензивно во месец декември кога е неделата за борба против трговијата со луѓе и на 18ти октомври кога е светскиот ден за борба против ова зло. За таа цел овој викенд волонтерите од Црвен крст делеа флаери по охридската чаршија со наслов „Борба против трговија со луѓе“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top