Автор: Јаковлева Лионела

Љубица Дојчиноска секојдневно се бори со животот

Post Views: 7   82 годишната Љубица Дојчиноска долги години живее сама во својата семејна куќа во Варош. Секој нов ден за неа е нова борба бидејќи нема кој да и помогне да ги заврши секојдневните работи. Тетка Љубица едвај се движи поради оштетувањето на зглобовите на нозете.  Двапати неделно доаѓа жена која и пазари, готви и чисти, но тоа е премалку за оваа осамена старица. Јас неможам ништо да направам сама. Ниту да зготвам нешто ниту пак да работам во куќава. Од вратава подалеку не излегувам. Понекогаш доаѓаат комшиите да ме посетат и ќе ми донесат нешто за јадење. На пример многу...

Continue reading

Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба

Post Views: 1 Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба. Така едногласно одлучи Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија до која пристигнале три апликации, но ниту една од нив не ги задоволувала критериумите за добивање на ова престижно општинско признание. Од она што го разгледавме Комисијата поради малиот број на апликации одлучи оваа година да не се додели повелбата. Се надеваме дека сите заедно ќе поработиме до година оваа манифестација да си го врати стариот сјај и што поголем број граѓани да конкурираат за да ја добијат...

Continue reading

„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“

Post Views: 3 „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, ова е пораката која центарот ЦИВИЛ ја испрати од Охрид.  На средбата на која присуствуваа претставници од медиумите, граѓани и граѓански организации, и претставници на политички партии, беше нагласена целта од целокупниот проект, јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која тие ја имаат на самиот ден на изборите.Граѓаните зад параванот на самите избори имаат право слободно да ја изразат својата волја и со тој чин да ги изберат оние кои ќе ја спроведат нивната политичка волја и кои за сите свои постапки за...

Continue reading

hoteli

Хотелиерите ќе се субвенционираат

Post Views: 6 Хотелиерите ќе се субвенционираат со цел да привлечат што повеќе домашни гости во своите капацитети. Ова е проект кој допрва треба да го разгледува Владата на РМ, а идејата за вакво нешто доаѓа поради фактот што во последните години е се помал бројот на гостите од земјава, во споредба со гостите од странство. Субвенциите би ги стимулирале хотелиерите да размислуваат во тој правец. Секое субвенционирање е добредојдено. Секако дека сме за ваквата иницијатива. На тој начин хотелиерите ќе бидат ослободени од некои давачки, па ќе можат да ги намалат цените за сместување или...

Continue reading

И во охридските училишта одбележан Светскиот ден на детето

Post Views: 1 „Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели одделенскиот...

Continue reading

Една цена на рафт, а друга на каса

Post Views: 1 Кога одите на пазарување треба да отворите четири очи бидејќи во супермаркетите често се случува на производот изложен на рафт да има една цена, а кога ќе плаќате на каса продавачот да ви каже друга, најчесто повисока цена. Граѓаните реагираат и укажуваат дека тоа се недоразбирања кои најчесто се поврзани со ценовникот или со неправилно означување на производите. Најчесто цехот го плаќаат помалку внимателните купувачи, бидејќи овие трговски трикови многу тешко можат да се забележат кога се купува во поголеми количини. Од Организацијата на потрошувачи во Охрид велат дека...

Continue reading

Рилкоски: Доколку политичките партии играат фер пјеј, ќе имаме фер и демократски избори

Post Views: 6 ДИК интензивно се подготвува за парламентарните избори во април. Се детектираат пропустите во изминатите избирачки процеси со цел да се анулираат или целосно отстранат. Најголем проблем за спроведување на фер и демократски избори се ненавремениот увид во избирачките списоци, влијанието и притисоците од политичките партии врз гласачите и членовите на избирачките одбори, притисоците и манипулациите кои се вршат врз гласачите од ромска националност. Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски вели дека еден дел од пропустите ќе се отстранат со додатни обуки...

Continue reading

prlicevi besedi

Кој колку пари добива

Post Views: 0   Културните манифестации во градов немаат подеднаков третман и финансиска подршка од Локалната, смета советничката од редовите на СДСМ, Oливија Пирузева Јанева. Таа истакна дека од буџетот на општината за манифестацијата „Прличеви беседи“ се издвоиле само 10 000 ден, додека пак за манифестацијата „Живко Чинго“ 121 000 ден. Навистина воопшто неизбалансирана и несоодветна прераспределба на средствата. Дури и за „Поетската ноќ во Велестово“ издвоени се 40 000 ден. За „Бадниковата поворка“ 20 000 ден, а за „Прличевите беседи“ само 10 000 ден. По кој критериум се прави распределбата,...

Continue reading

Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам

Post Views: 9 Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Хотел Десарет кој е еден од најголемите хотели по својот капацитет со над 500 легла располага со 5 конгресни сали опремени по најновите стандарди за одржување на вакви настани. Во овој хотел од почетокот до средината на август се одржал конгресот на медицинари во кој имало учесници од  70тина земји од светот. И...

Continue reading

Во салата во „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите на младинското Европско Првенство за Кошаркарки

Post Views: 2   Наголемо се реновира спортската сала во ОУ Христо Узунов. Се подготвува за тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки кои ќе се одржат во средината на наредниот месец. Учениците со нетрпение го очекуваат овој настан кој е мотив повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности. Во спортската сала во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки. Од 13 до 23 август тука ќе се подготвуваат 22 репрезентации од цела Европа. Ова е причина што во училиштето се работи со полна пареа се подготвува салата...

Continue reading

ОУ „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи

Post Views: 20 Основното училиште „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи. Тие биле поставени уште пред дваесет години кога се првела чатијата на училиштето кое претходно имало равен кров. Веќе пет-шест години менаџментот на училиштето бара од надлежните институции да се сменат азбесните плочи земајќи го во предвид колку истите се штетни по здравјето на луѓето. Докажано е дека азбестот доколку почне да се распаѓа и од него се создава прашина таа е канцерогена и опасна. Министерството за образование треба да издвои средства од својот буџет за решавање на овој...

Continue reading

Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога беше пукано во нивни колега

Post Views: 1 Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога на  државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, кој со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот доктор. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Ваквиот настан ја потресе целокупната македонска јавност и со овој чин и како земја и како народ треба да се срамиме. Однесувањето на дел од пациентите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top