Автор: Јаковлева Лионела

Промовирана студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид

Post Views: 0   Со студија за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид ќе се заштитува неговото културно и историско богатство. Горан Патчев, архитект- конзерватор во Завод и Музеј кој ја промовираше оваа студија рече дека таа е севкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата, како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестициската изградба, заштитата на животната средина и природата. Се соочуваме со нарушување на автентичноста на старото градско...

Continue reading

Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата

Post Views: 17 Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата. Дел од родителите реагираат на тоа објаснувајќи дека не се во можност своите деца да ги оставаат на целодневен престој до 15 или 16 часот и бараат да им се излезе во пресрет. Директорката на градинката Розе Костоска кажува дека оваа предшколска установа нема просторни можности за да формира групи на деца кои ќе се само во полудневен престој, но вели дека се изнаоѓаат начини децата да се згрижени само половина ден, а родителите да не се финансиски оштетени. Има родители кои своите деца ги носат...

Continue reading

Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт

Post Views: 5 Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт. Министерството за образование објави јавен повик за набавка на 8 лифтови за сите студентски домови во државава. По завршувањето на сите административни работи, до втората половина на годинава,  ќе се започне со реализација на овој проект. Вредноста на проектот е 15 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РМ. Ние години наназад работиме на подобрување на условите во студентскиот дом. Ние имаме лифт во згарадата, но е стар околу десет години. Со новиот лифт ќе се подобри безбедноста на студентите и ќе...

Continue reading

Новата градинка во Пештани не ги исполни првичните очекувања

Post Views: 3   Новата градинка во Пештани која беше отворена пред два месеци во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“, не ги исполни првичните очекувања. Според анкетата која беше направена во оваа дисперзирана група на градинката „Јасна Ристеска“ требаше да бидат запишани  25 дечиња, а сега има само 12. Нормативите за успешно работење на една група се од 15 до 20 деца. Причина за тоа што долго време се чекаше за да се отвори оваа група па многу деца кои беа на возраст од  пет до шест години сега не се запишаа бидејќи од наесен ќе започнат да одат на училиште. Еден дел од родителите кои...

Continue reading

ГДОМ во Охрид

Post Views: 1 Мирко Томоски писател од Охрид, член на ГДОМ, во обраќањето порача дека се подготвени да направат се за да ја зачуваат Македонија и испрати  порака за избори на 5-ти јуни и ставање на дефинитивен крај на избори преку изразување на народната волја.Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Томоски се осврна на состојбата во која се наоѓа општината и долгот што го наследи од претходните локлни власти. Во Охрид направен е долг...

Continue reading

Ќе се подобрува пристапот на лицата со хендикеп до музеите во Охрид

Post Views: 7 Ќе се подобруваат пристапните места за лицата со попреченост до музејските збирки во градов. Завод и музеј како и невладините организации имаат можност да аплицираат со проекти за добивање грантови во висина до 4000 евра за оваа намена. Рокот за аплицирање е до 4 мај. Проектите се финансирани од фондацијата Ставрос Ниаркос. Рокот е краток за аплицирање затоа ги повикувам сите заинтересирани невладини организации кои се во можност да изготват ваков проект да го сторат тоа и да го достават до Завод и музеј па ние ќе аплицираме во нивно име, објаснува Горан Патчев-архитект...

Continue reading

Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците по математика и македонски јазик

Post Views: 9 Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Учителите од пониските одделенија во основното образование воочиле некои проблеми со кои се сретнуваат учениците  во јазичната и математичката писменост и се нафатиле на стручен начин да работат на тој проблем. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“. Ова вмрежување на училиштата ќе им помогне да користат туѓи искуства при изнаоѓањето на  механизми како да...

Continue reading

Охрид полн со гости како на лето

Post Views: 7 Охрид за време на викендов полн со гости како на лето. Во градов веќе се чуствува присуството на странски, но и на домашни гости. Преполните летни тераси и посетеноста на културно историските споменици им дава за право на туристичките работници да кажат дека сезоната полека, но сигурно започнува. Сите интензивно се подготвуваат за првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни. Во хотелите Метропол и Белви засега исполнетоста е околу 80%. Најмногу има интерес...

Continue reading

Хотелите во Охрид и Струга не инвестираат во нивните капацитети, тврдат од Комората

Post Views: 4 Хотелите во Охрид и Струга во ништо не инвестираат. Немаат спа центри, сауни, фитнес клубови, а и собите не се реновирани, смета Аркан Керим, претседателот на  Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Тој додава дека посебно домашните туристи поради тоа повеќе одат во Грција и Бугарија, наместо во Охрид, Струга. Керим смета дека  за претстојниот празник, Први мај околу 150.000 – 200.000 македонски граѓани ќе отидат во Грција,  наместо да ги посетат нашите туристички центри, а минатата година 470.000 македонски туристи биле во...

Continue reading

Со искуства од Естонија ќе се намалува стапката на невработеност

Post Views: 1   150 невработени  лица од градов ќе се советуваат како да ги зајакнат вештините за да можат да си најдат вработување Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во соработка со НВО Советодавен Центар од Естонија и НВО Еднаков Пристап го започнаа проектот „Зголемување на понудата на квалификувана работна сила меѓу ризични групи на пазарот на трудот“. Целта на проектот е зголемена вклученост на лицата кои се во најслаба позиција на пазарот на трудот преку зајакнување на вработливоста на социјално исклучените лица. ЗА то че се користат искуствата...

Continue reading

Кејот на езерото се повеќе се руинира

Post Views: 1 Кејот на езерото се повеќе се руинира. На неколку места можат да се забележат пропаднати бекатон плочки и изронато цименто. Статиката на оваа најпосетувана патека од охриѓани и гостие е нарушена, велат стручните служби од Локалната па потребна е целосна реконструкција на ова шеталиште. На делови од фронтот доаѓа до попуштање и има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите. Ова е најрепрезентативниот дел од градов па треба да му се обрне посебно внимание сметаат граѓаните. Локланата уште од добивањето на мандатот пред три години...

Continue reading

Во општина Охрид поднесени 3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти

Post Views: 6   3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти се поднесени до 31 март кој беше последниот датум од вториот рок кој им го даде Владата на граѓаните. Барањата за легализација кои биле доставени до општината до 2011година изнесуваат 11 357 или вкупно во Општина Охрид се поднесени 14 535 барања за легализација на диво изградени објекти. Оваа бројка покажува голем интерес на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти. Ако се споредат бројките до 2011год. и новите  ќе се види дека се зголемени за 30%, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локалната самоуправа....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top