Автор: Јаковлева Лионела

Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња

Post Views: 9   Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Овој проект го спроведува општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“. Целта секако е намалување на бројката на бездомни кучиња во општината. Проектот се реализира со буџетски средства на општината во висина од 80 000 ден. и опфаќа стерилизација на бездомните кучиња, нивно привремено сместување во простор за таа намена со секојдневна грижа од волонтерите на „Анималиа“, активности за нивно вдомување, а доколку не бидат вдомени враќање на...

Continue reading

На булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа, повредено едно лице

Post Views: 10 Уште една сообраќајна незгода во градов. Попладнево, околу 13.30 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на училиштето „Григор Прличев“ се  судрија моторцикл и патничко моторно возило. Моторциклистот поради силината на ударот бил исфрлен на коловозот поради што се здобил со телесни повреди и итно е пренесен во охридската општа болница. Во сообраќајната незгода учесник е еден моторциклист кој најверојатно во момент на невнимание удрил во паркирано патничко возило од десната страна на булеварот Туристичка. Се случил пад при што се здобл со телесни повреди и нагмеченици...

Continue reading

Нови пронајдоци кај Горна Порта

Post Views: 1 Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.– Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега откри 85 гроба од кои 12 гроба кои датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од 3-2...

Continue reading

Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење

Post Views: 0   Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење. Таа според микробиолошките анализи кои се прават веќе две години наназад е со променлив квалитет па затоа на сите посетители на ова познато катче им се препорачува да не ја користат ниту за пиење ниту пак како техничка вода. Центарот за јавно здравје на 8ми август зел примероци од водата и го испитувал нејзиниот квалитет. Често се наоѓа присуство на ешерихија коли и на ентерокок кои се патогени бактерии и кои не смее да ги има воопшто во водата. Години наназад апелираме и испраќаме дописи до Агенцијата за храна и...

Continue reading

Се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 8 Од денес се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“. Повеќе од 140 деца се заинтересирани да бидат згрижени во оваа прдшколска установа. Поради големиот број на деца градинката поднесе барање до Локланата  за зголемување на бројот на групите за по пет деца за да може да им се излезе во пресрет на родителите. Во градинката се запишани вкупно 720 деца и тоа во петте објекти со кои располага Јасна Ристеска. Во централниот објект престојуваат 200 деца. За нив сеуште е неизвесно каде ќе бидат згрижени од септември бидејќи во овој објект од средината на јуни се...

Continue reading

Не се избра „Сувенир на градот Охрид“

Post Views: 1 Не се избра „Сувенир на градот Охрид“. Иако на конкурсот кој уште пред два месеци го распиша Локланата се пријавија пет кандидати, ниту еден од нив не ги исполни барањата кои беа наведени во него. Три проекти биле од еден ист автор, а останатите два биле со слични мотиви кои веќе биле работени и претходно. Обработени се веќе познати мотиви најчесто изработени од бакар. Камен, керамика и дрво речиси и да не е користено, па според тоа не се исполнети условите кои локалната ги постави околу изгледот на „Сувенир на градот Охрид“, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локалната...

Continue reading

Граѓаните се ЗА пешачка патека, но не по цена на зеленилото

Post Views: 2   Изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“ ги разбранува страстите кај охриѓани, а и кај гостите кои долги години доаѓаат во градов и шетаат покрај каналот. Тие ја поздравуваат иницијативата на Локалната да го уреди овој простор, но негодуваат за дрвата кои таму се исекоа и сеуште се сечат. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтоски смирува дека дрвата кои се сечат се оние кои биле стари и трули , а брезите и врбите кои се дел од дрворедот на овој потег ќе останат и понатаму да го разубавуваат...

Continue reading

Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето

Post Views: 5   Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето. Ова е еден од најпознатите и најквалитетните гудачки квартети на денешнината кој има настапувано насекаде во светот. Вечерашниот концерт е во рамките на традиционалната вечер на ЕУ и годинава фестивалот слави еден мал јубилеј а тоа се десет години од соработката со канцеларијата на ЕУ во Македонија. Во изминатите десет години голем број на познати музичари биле гости токму на оваа вечер и дале особен придонес во квалитетот на фестивалската програма. Овој концерт ќе биде и хуманитарен па средствата од билетите ќе се наменат...

Continue reading

Патникот промовиран на Охридско лето

Post Views: 10 Патникот промовиран на Охридско лето. Оваа книшка на авторот Борче Грозданов Пандур која ја пропатувала речиси целата држава на задоволство на охриѓани беше преставена синоќа како едно дело од стотина страници на кои се забележани многу настани, средби, анегдоти, сериозни препукувања дури и караници помеѓу авторот и неговиот најголем пријател и сопатник, актерот Васил Шишков. Се работи за 14 раскази кои се базирани на мои блиски средби со мојот компањон со кој знаевме и длабоко да се искараме  но и искрено да се радуваме на сите позитивни работи кои се случуваа во културата....

Continue reading

Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови

Post Views: 2   Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите потенцијали...

Continue reading

Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски

Post Views: 3   Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски  Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости.  Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме...

Continue reading

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 6 Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top