Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење

Последните анализи на водата од Билјанините извори покажале дека во неа има присуство на патогени бактерии. Таа не е исправна за пиење, но таблата која стоеше таму и ги предупредуваше граѓаните од пред нецел месец ја нема. Никој не знае каде исчезна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ветуваат дека пак ќе ја постават.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење. Таа според микробиолошките анализи кои се прават веќе две години наназад е со променлив квалитет па затоа на сите посетители на ова познато катче им се препорачува да не ја користат ниту за пиење ниту пак како техничка вода. Центарот за јавно здравје на 8ми август зел примероци од водата и го испитувал нејзиниот квалитет.

Често се наоѓа присуство на ешерихија коли и на ентерокок кои се патогени бактерии и кои не смее да ги има воопшто во водата. Години наназад апелираме и испраќаме дописи до Агенцијата за храна и ветеринарство да преземат мерки за да не се пие водата, па тие поставија и табла со забрана, вели бромологот Сашо Точков.

Од пред еден месец таблата на која стоело дека се забранува користењето на водата од изворите преку ноќ ја снемало, кажуваат граѓани кои секојдневно доаѓаат на ова место. Сега оставено е на волјата на граѓаните дали ќе пијат вода од изворите на сопствен ризик или не. Туристите пак кои доаѓаат не ни знаат каков е квалитетот на водата па многупати не само што ќе се напијат туку и си полнат во пластични шишиња. Од Центарот за јавно здравје велат дека повторно ќе инсистираат до Агенцијата за храна и ветеринарство да ја постават таблата со забрана.

Ние поради променливиот квалитет на водата веќе долг период наназад ја контролираме еднаш неделно. НО можам да кажам дека скоро во сите примероци се најдени отстапувања од дозволените параметри. Дефинитивно водата не е запиење и граѓаните да не се изложуваат на ризик, вели Точков.

Бактериите кои се присутни во водата кај некои лица предизвикуваат здравствени проблеми кај други не, но сепак не треба да се испробува среќата. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека повторно ќе стават предупредување дека водата не е за пиење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top