Автор: Јаковлева Лионела

Училиштето „Ванчо Питошески“ денес го прослави својот патронен празник.

Post Views: 2 Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“ денес го одбележа својот патронен празник. Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа.  Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште, подвлече директорката. Гордост и чест е да се биде...

Continue reading

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права

Post Views: 1 Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во Македонското здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за  активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна телефонска...

Continue reading

Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија

Post Views: 2   Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија. Овие игри се одржуваат по четврти пат, а нашиот град по прв пат е нивни домаќин. Трудови инвалиди од повеќе градови од државава се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини, како што се трчање на 100 метри, шах, домино, пикадо, фрлање ѓуле. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно со останатите луѓе кои својот инвалидитет најчесто го добиле на работното место. Овие спортски игри значат многу за нас бидејќи се дружиме, спортуваме,...

Continue reading

Во градов имаме ново зелено пазарче

Post Views: 2 На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и  овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови. И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава. Од пред една година...

Continue reading

Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо

Post Views: 2   Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо. Освен знакот дека тука има автобуска постојка ништо друго не асоцира на тоа. Нема ниту стојалиште,ниту  покрив, ниту пак клупа. Локалната самоуправа  неодамна на пет локации во градов постави нови автобуски постојки. Сите пет локации се на бул „Туристичка“. Две од нив се кај маркетот „Тамаро“ во непосредна близина на ул. „Абас Емин“, една кај зградата на Печијаре, стојалиште има помеѓу Охридската гимназија и ОУ „Григор Прличев“ и една веднаш после пресекот...

Continue reading

Хаотична 61ва седница на градскиот совет

Post Views: 4 Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од позицијата...

Continue reading

ОПЦИЈА од Охрид се приклучува кон протестот на Владата и Министерството за здравство

Post Views: 4  Граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија бараат од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ. За реализација на националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, а предвидени се само 27 милиони денари. Од невладините организации велат дека овој износ не е доволен да ги покрие ниту потребите...

Continue reading

Како ни се хранат децата додека се на училиште

Post Views: 3 Пециво со сирње и спанаќ и јогурт имаа денес децата на мени во училишната менза на ОУ „Христо Узунов“. Ова е едно од ретките основни училишта во градов каде има училишна менза и каде исхраната на учениците е организирана. Пред десетина години во училиштето имало кујна во која се подготвувал и топол оброк, но од пред три години кујната се дава под концесија. Како најдобар понудувач се јавува познатата охридска фирма „Жито леб“ која ги исполнила сите услови одредени од училиштето, а понудила и најдобра цена. Според договорот храната која им се дава на учениците треба да...

Continue reading

Колку охриѓани го почитуваат Законот за јавна чистота

Post Views: 0 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните ќе заработат казна за тоа. Каква е состојбата во нашата Општина околу пишувањето казни по овој основ? Во овај период кога граѓаните се подготвуваат за зимскиот период немаме пријави бидејќи не е забележано дека е нарушен законот за јавна чистота во тој дел. Веруваме дека граѓаните ја имаат свеста подигнато на тоа ниво да не го прекршуваат...

Continue reading

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник

Post Views: 4 Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа  изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен  начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска,...

Continue reading

„За посреќно детство“ повторно меѓу охриѓани

Post Views: 3  „За посреќно детство“  повторно меѓу охриѓани. Оваа традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција започнува утре во 11 часот со старт на трката од плоштадот кај Чинарот. Целта на трката ќе биде на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе се одржат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид, а во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, и традиционалниот партнер на акцијата, Стоматолошки Центар Д-р...

Continue reading

Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема

Post Views: 2 Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ имаат индиции дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Се сомневаат дека кучињата се однесени на депонијата Буково. Климент Арнаудов волонтер во здружението Анималија потенцира дека оваа постапка е нехумана и противзаконска. И некои од граѓаните ни посведочија дека е извршена хајка на бездомните кучиња имаме и доказен материјал од слики. Се надевам дека некој од граѓаните и ќе посведочат за ваквиот немил настан....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top