ОПЦИЈА од Охрид се приклучува кон протестот на Владата и Министерството за здравство

Невладината организација ОПЦИЈА од Охрид се приклучува кон протестот на Владата и Министерството за здравство речиси тројно да го намали буџетота заштита на населението од ХИВ- СИДА. Од таму велат дека тоа би можело да доведе до појава на епидемија од оваа опасна и неизлечива болест. Се надеваат дека институциите ќе имаат слух и нема да направат радикален чекор кој многу граѓани може да ги чини живот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 Граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија бараат од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ. За реализација на националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, а предвидени се само 27 милиони денари. Од невладините организации велат дека овој износ не е доволен да ги покрие ниту потребите за животоспасувачка терапија за една година, а камо ли нешто повеќе.

Тоа би можело да значи почеток на она што им се случи во Романија и Грција од кога и таму им беа намалени средставата.  На пример во Романија само за една година бројот на лица заболени од ХИВ СИДА се зголеми за 362, вели Јулијана Настоска од Опција- Охрид.

Според експертите, за лекување на пациентите за една година неопходни се 32 милиони, додека 33 милиони денари се потребни за покривање на превентивните програми за половина година. За првите 6 месеци од 2017 година Република Македонија сѐ уште се надева дека Глобалниот фонд за ХИВ и туберкулоза ќе одобри да се искористат заштедените средства од грантот за да се покријат превентивните програми.
Уште позагрижувачки е што во оваа т.н. превентивна програма воопшто нема да останат средства за превенција. Тоа ќе значи зголемен број на нови инфекции и зголемен број на смртни случаи од ХИВ поради задоцнето откривање. Исто така, на долг рок ќе се зголемат трошоците за лекување поради долги хоспитализации и скапи терапии, кои со помош на превентивните програми може да се избегнат.

Преку ноќ добиваме известување дека ќе се соочиме со затворање на теренските и стационарни сервиси за ХИВ за групите под најголем ризик од ХИВ кои функционираат во повеќе од 14 градови ширум земјата. Најмалку 15.000 припадници на ранливи категории на граѓани, како и нивните семејства, ќе останат без пристап до бесплатни средства за превенција и брзи скрининг тестови за рано откривање на ХИВ, вели Настоска.

На овој начин инфекцијата ќе се шири побрзо, а тоа може да се одрази не само на овие групи, туку и на пошироката популација, особено младите. Од Невладините организации нема да дозволат да се случи тоа. Тие со сите расположливи средства ќе се борат да не дојде до затварање на теренските и стационарните сервиси , а со тоа да им се ускрати можноста на граѓаните кои на некој начин се зависни од нив да добијат помош. Се надеваат дека и Владата и Министерството за здравство и за финансии ќе имаат слух за продолжување на овие програми и зголемување на буџетот за таа намена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top