Автор: Јаковлева Лионела

плажите и ова лето окупирани со лежалки

Post Views: 12 Деновиве на охридските плажи нема место игла каде да се фрли. Продолжениот празничен викенд го наполни градов со гости кои се разладуваат во водите на езерото. Но со гужвата уште повеќе дојде до израз дека некои концесионери на плажите не ги почитуваат одредбите од договорот 40проценти од просотор да го остават слободен, без лежалки за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека инспекторите во неколку наврати излегле на терен и забележале неправилности и непочитувње на одредбите од договорот. НО додаваат дека многу...

Continue reading

Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот

Post Views: 5 Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале. Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на кои...

Continue reading

АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга

Post Views: 5 Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите...

Continue reading

Започна едриличарската регата „Охрид 2017“

Post Views: 6 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период. Временските...

Continue reading

„Охрид колинг“ по втор пат

Post Views: 2 „Охрид колинг“ по втор пат. Оваа манифестација која започна од лани полека, но сигурно се етаблира како една од најдобро организираните во Македонија, но и пошироко. Врвни музички имиња како Лени Кравиц, Продиџи се запишаа на страниците на овој фестивал. Годинава повторно светски познати музички ѕвезди ќе бидат дел од Охрид колинг. На 1 и 2 август, на „Билјанини извори“ ќе настапат диџеите Афроџек и Хардвел и нивните специјални гости Равитез, Данте Клај и Кил д буз. Локланата самоуправа во соработка со Авалон продукција успаеја и годинава да направат манифестација за...

Continue reading

На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден

Post Views: 3 На паркингот кај Центарот за обука на вода се наплаќа паушално, без да се издаде фискална сметка, се пожалија граѓани до редакцијата на ТВМ. Велат дека иако на овој паркинг кој е од А зона за еден час треба да се наплаќаат 40 ден. нив им биле побарани 100ден. со образложение дека сигурно ќе се задржат подолго од еден час со оглед што биле тргнати на забава во блиските усгостителски објекти на плажите. Реагираат и на уреденоста на паркингот кој освен што е пошлунчен нема никакви други услови кои би требало да се нудат на еден современ паркинг простор. А при врнежи од...

Continue reading

Започна петтото издание на Фестивалот за култура „Дримон“

Post Views: 1 Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници. На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен културен...

Continue reading

Дебрчани ќе почекаат за референдум

Post Views: 1 Денешната седница на советот на општина Дебрца, прекината. На неа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски требаше да се расправа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Градоначалникот изрази жалење за ваквиот тек на настаните. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата со што беше оневозможена поддршката на одлуката за референдум каде што жителите ќе го искажат своето мислење по ова прашање и ќе добиевме највисок правен акт за спречување на изградбата на регионалната...

Continue reading

Каде е градежниот инспекторат?

Post Views: 1 Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор: Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид од март...

Continue reading

Охриѓани го освојуваат Азискиот континент

Post Views: 0 Охриѓани го освојуваат Азискиот континент. Нашиот сограѓанин, познатиот џез музичар, композитор и гитарист, Владимир Василевски-Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали. Четкар настапи на најпознатиот џез фестивал Хуа Хин, на кој се претстави со авторска музика, а отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бeше мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката. Четкар беше придружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна...

Continue reading

Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион

Post Views: 5 Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион. Денес преставници од Министереството за животна средина и просторно планирање пред охриѓани и останатите присутни на јавната расправа ги презентираа предностите од изградба на една ваква регионална депонија и бенефитите ко ќе се добијат од истата. Целта на јавната расправа беше да се објасни дека оваа регионална депонија која е неопходно час поскоро да се изгради нема да ја загрози или загади животната средина. Со овој проект ќе бидат опфатени сите нестандардни депонии и ѓубришта кои се наоѓаат во регионот...

Continue reading

Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“

Post Views: 1 Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло. Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој камп...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top