Автор: Јаковлева Лионела

спомен обележје

На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“

Post Views: 7   В петок, на верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Свечениот чин ќе се одржи во 12 часот, а споменикот ќе биде осветен од стана на свештеници на МПЦ  во присуство на сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и донаторот Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора“ Инженеринг. Ова било договорено на средбата помеѓу донаторот на споменикот кој беше кум на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер Стефан...

Continue reading

socijalno

Отворени денови на Центарот за социјални грижи

Post Views: 1 Вратите на Центарот за социјална работа секој вторник и четврток ќе бидат ширум отворени за граѓаните. Овие се таканаречени отворени денови кога охриѓани можат да го посетат центарот и да разговараат со службите за се она што ги интересира околу остварување на некое нивно социјално право. Овај проект се спроведува со цел да се овозможи поголема достапност на информации и отвореност на Центарот кон граѓаните, а во функција на полесно остварување на одредени права и услуги. Ние очекуваме оваа активност да наиде на добар прием кај граѓаните. По потреба, за лицата кои што...

Continue reading

spor karpos

Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, неприфатлив

Post Views: 4   Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор за неа е неприфатлив. Имено во саботата првиот човек на Агенцијта Цветко Грозданов оствари средба со сопственикот на Градежната фирма Трудбеник, Ацо Спироски со цел да се изнајде некакво најбезболно решение за охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка поради наплатен долг на „Трудбеник“ кон Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор. На средбата Спироски понудил неизградено градежно земјиште кое што според Грозданов не може да биде гаранција...

Continue reading

studenti

Самсунг галакси таблет за креаторите на победничката Андроид апликација за „паметни телефони“

Post Views: 4 Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид изработија Андроид апликација за „паметни телефони“ за потребите на компанијата „Техномаркет“ . Денес најдобрите тимови на студенти имаа презентација на своите проекти. Дел од нив велат дека им било  задоволство да работат на овој проект и да стекнат ново искуство на полето на Андроид развојот. Беше предизвик за нашиот тим. Ни одзеде околу месец и половина за изработката. Вложивме напорна работа, не беше лесно, но се надеваме дека трудот ќе се исплати. Тоа што го изработивме...

Continue reading

eksterno

Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани

Post Views: 1 Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи  во јуни полагаат матура. Учениците  за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија. Се започна...

Continue reading

toalet

Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот

Post Views: 8 Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат. Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа...

Continue reading

mrest

Пастрмката се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 2 Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Ова може да се види по собраните колични икра во првите два дена од риболовот за вештачки мрест, кој го спроведува концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, а  започна во петокот. Минатата година собравме 30 проценти повеќе икра во споредба со претходната година.Според почетокот мислам дека сме во можност да ги надминеме минатогодишните количини на собрана икра за 80 проценти, што ќе биде голем чекор кон обновување на рибниот фонд на пастрмка во Охридското Езеро -изјави Ристе Танасоски од „Пастрмка 2012“. Ваквата...

Continue reading

crkva

Се изврши примопредавање на кумството за „Богојавление- Водици“

Post Views: 33 Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови, градоначалникот Никола Бакрачески и Сашо Симески негов долгогодишен пријател се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во недела, најавија вистински спектакл. Ова е еден од најсвечените моменти во мојот живот. Посебна чест е да се биде кум на оваа манифестација. Многу сум возбуден и задоволен, изјава Никола Бакрачески, овогодинешниот кум на „Богојавление-Водици“. Честитки до овогодинешните кумови упати...

Continue reading

proekt

Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани

Post Views: 5 Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани. Ова е дел од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размена меѓу уметници кои работат во социјалната област” кој има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него...

Continue reading

охридско лето

,, Од чинарот до ѕвездите,,

Post Views: 7 Ќе се снима првиот документарец за фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика на филмско платно да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал кој започнал во далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи ја црквата Света Софија и согледувајќи ја нејзината акустичност запеала во овој единствен простор. Документарецот ќе биде промовиран за 55 роденден на фестивалот. Во тек се подготовките за реализација на овој проект а се обезбедуваат...

Continue reading

lizgaliste

Лизгалиштето за некои забава за некои политичка арена

Post Views: 1 Локалната самоправа се однесува крајно неодговорно, навредувачки и арогантно, игнорирајќи ги сите барања од страна на советниците да излезат со детали околу договорот што е потпишан за лизгалиштето, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески како реакција на вчерашниот прес на секретарот на Општина Охрид,  Димитар Спасески.Покрај неточните информации кои ги пласира локалната околу фирмата со која е склучен договорот неточни се и информациите дека во програмата за поставување на урбана опрема е изгласано поставувањето на лизгалиштето како урбана опрема, тврди Блажески. Имаме...

Continue reading

dimitar spaseski

Блажески контра Спасески

Post Views: 7 Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески. За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од страна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top