На градското пристаниште, викендов ќе се одржи празничен ватерполо турнир. На Денот на независноста ватерполисти од неколку македонски клубови ќе имаат ревијален турнир. Истовремено спортскиот настан ќе има и хуманитарен карактер.
ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
ЈП „Билјанини Извори“ деновиве е домаќин на повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија К.К. „Работнички“ кој е на седумдневни подготовки во Охрид.
За најмалите стружанчиња кои посетуваат градинка, денес се одржаа прилагодени предавања за значењето на вакцините.
Само десетина дена до еден од најголемите спортски настани оваа година во Охрид годинава. Македонската Триатлон федерација со помош од Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“, Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и македонскиот олимписки комитет, ќе организира Европски триатлон куп и Балканско триатлон првенство во Охрид.
Ракометарите на ГРК Охрид славеа во „езерското“ дерби во рамки на второто коло од Супер лигата.
Под мотото „Не ви е потребна лиценца да спасите нечиј живот“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош, осми септември.
Поп ѕвездата Каролина Гочева ја претстави нејзината најнова песна со наслов „Идила“ која што е во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град