Новиот состав на Ракометниот Клуб Охрид во сабота на мечот со скопски Бутел ќе го има деби натпреварот пред домашна публика за оваа сезона од машката ракометна супер лига. 90% од екипата се нови играчи кои бараат подршка од публиката во овој според нив натпревар на сезоната.
Правична застапеност на македонците во сите тела на Локланата самоуправа, побараа струшките вмровци од градоначалникот Села, на денешната прес-конференција. Воедно ги повикаа странските амбасадори во Р. Македонија да дојдат во Струга со цел да биде слушнат нивниот став и искуство за она што во последно време се случува во Струга, околу назначувањето на раководители и директори само од редовите на ДПА.
Општина Охрид се вклучи во одбележување на „Европската недела на мобилност“. Денешниот ден беше прогласен за Ден без автомобили. Низ охридските улици основците и средношколците возеа велосипеди, а беа доделени и вредни награди за учесниците во велосипедското дефиле.
Корисниците на овој паричен надоместок не се опфатени во финансиската месечна поддршка за потрошена електрична енергија бидејќи и досега добивале субвенции за енергенси од државата. Министерството за економија деновиве го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лицата со ниски примања со кој ќе бидат опфатени 7.500 семејства во земјава.
Висока делегација од националната гарда на сојузната држава Вермонт од САД го посетија ОУ Братство Единство во населбата Лескајца. Станува збор за долгодишен пријател на РМ кој повеќе од 25 години помога во развој на нашата земја. Преку организацијата на УСАИД се реновирани голем број училишта меѓу кои и зградата на ова општинско школо.
Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“.
Пред само два дена се одржа , 16-та седница на Градскиот совет, на која поминаа без никаков проблем годишните извештаи и програмите за работа на охридските основни и средни училишта, како и на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ве прашуваме зошто не ги соопштивте таму јасно и гласно своите ставови. Зборувате за европски норми и принципи, а не сте ги совладале основните правила, обврски и услови за работа на Локалната самоуправа, реагираа од Општина Охрид на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.
Од понеделник ќе почне асфалтирањето на улицата Распаќе која е крак на регионалниот пат Охрид – Радожда. Оваа улица подого време беше во мошне лоша состојба со ударни дупки кој ја загрозуваа безбедноста на возачите. Реконструкцијата на улицата ќе чини 6 милиони денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град