Општина Охрид и оваа година објавува Конкурси за доделување стипендии на ученици од основните и средни училишта на подрачјето на општина Охрид за учебната 2018/19 година.
По 18 месечна работа тимот на Кулиќ стави точка на извештајот. Истрагата е завршена, анализите се спроведени.
Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“ победник на „Вигор бармен купот“. На државното првенство на тест беше креативноста на дваесетина бармени при подготовката на инвентивен долг освежителен пијалок. Во Охрид во подем е културата на конзумирање коктели но има одлив на квалитетни бармени.
ПСУ „Јахја Кемал“, од Струга бележи успех на уште една генерација. Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржа цремонија на која на матурантите од оваа установа им беа доделени завршните дипломи.
Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа ждрепка за престојниот турнир во баскет 3×3.
Вакцината на Фајзер од август 2021 година е целосно одобрена за користење. Таа стана првата вакцина во светот која доби целосна дозвола за употреба од aмериканската Aгенција за храна и лекови (ФДА). Комесарот на ФДА, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да биде сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и високи стандарди во начинот на производство.
Денес во општина Охрид престојуваше 6 члена делегација, од Сојузна Република Германија, предводена од Hans-Georg von der Marwitz , член на парламентот на Сојузна Република Германија (Бундестаг). Во состав на делегацијата беа и Friedrich-Wilhelm König, Georg Prinz zur Lippe, Frank Oschatz, Axel Metzler и Idris Feriku.
Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание. Традиционалната средба на културно уметнички групи и музички состави, кои го негуваат староградскиот мелос, се одржа пред платото на Центарот за култура “Григор Прличев“, согласно здравствените протоколи. Во името на Локалната самоуправа, пред присутните се обрати Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град