Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев. Љубителите на белетристика имаат можност да купат над двеста наслови од домашни и странски автори. Саемот ќе трае пет дена , а книгите ќе се продаваат со попуст и до педесет проценти.
Во годинашниот извештај на Фридом хаус за состојбата со слободите во светот, објавен денеска, Македонија и натаму е во групата делумно слободни земји.
Во Центарот за јавно здравје Охрид од утринава веќе започна вакцинацијата против сезонски грип.
Кремљ соопшти дека турскиот претседател побарал средба со Путин
Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Република Македонија и Република Бугарија ќе имаат можност одблиску да се запознаат со културната разновидност на двете држави откако во петокот во Охрид направија уште еден чекор напред во развивањето на меѓусебната соработка потпишувајќи Договор за реемитување меѓу Македонската радиотелевизија (МРТ) и Бугарската национална телевизија (БНТ).
Претседателката на општинскиот Совет, Живка Ангелоска и директорката на охридската библиотека „Григор Прличев“, Гордана Змејкоска денеска во Охрид остварија работна средба со директорката на Народната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Сенка Наумоска.
Градоначалникот Зијадин Села, денес даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Хаосот, окупираноста на јавниот простор, злоупотребувањето на власта, ќе останат само пример за лошото владеење со Струга во минатото, истакна Села.
За почиста и поздрава животна средина и обезбедување дополнителни приходи, ЈП „Охридски Комуналец“ постави садови за селекција на отпад.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град