Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа широко-опфатна акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум.
Google Earth вели дека го имаме светот на дланка, но…
Кон крајот на минатата година автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација.
Факт е дека сто пати повторената лага не може да стане вистина, но цениме дека има потреба да укажеме дека не може да се очекува поинаков ефект дури и кога истата невистина ќе биде повторена 101 пат, велат од МВР.
Детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изградено и пуштено во употреба е на мета на вандалите, повторно се санира од екипата на ЈП „Градски пазар“.
Стружани и годинава во една беспрекорна организациија ги дочекаа моштите на Св. Ѓорѓи, од истоимениот манастир во Рајчица.
И покрај донесените решенија од надлежни инспекциски органи за стопирање на градежните активности и изречената судска забрана, на Али пашината џамија континуирано се гради. Додека се чека Државниот градежен инспекторат да постапи и конечно да ги стопира нелегалните градежни активности за кои се води постапка и во основното јавно обвинителство, во охридската јавност се разгоруваат страстите. Чувствителниот проблем со реконструкцијата на џамијата ги допира охриѓани и државата во целост но неговото значење е поголемо со оглед на фактот дека Охрид е под заштита на УНЕСКО.
Британецот Енди Мареј го освои турнирот во Мајами, откако во драматичното финале го совлада Давид Ферер со 2-6, 6-4, 7-6.
И оваа среда од НУ Библиотека Охрид ви препорачуваат за читање уште шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град