Најголемата спортска манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ имаше повеќе од успешна промоција на полумаратонот во Мостар кој се одржа во саботата на 23 март.
Илјадници стружани дневно поминуваат покрај куќата на Караџулевци и ретко кој од нив знае дека тоа е археолошки локалитет, некропола од хеленистичкиот период. Сите предмети што досега се пронајдени тука, како и предметите од праисторијата на Устието на Дрим, ќе бидат изложени во една голема музејска поставка на 18 мај меѓународниот ден на музеите во куќата на браќата Миладиновци.
По повод светскиот ден на театарот во среда, 27.03.2019 година ќе биде изведена преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.
Светскиот ракометен шампион репрезентацијата на Шпанија пристигна во Скопје, а веќе утре „Црвената фурија“ ќе излезе на мегдан со репрезентацијата на Македонија.
Викендов на отвореното првенство во Скиве, Данска, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.
Вршителот на должноста градоначалник Коннстантин Георгиески денеска имаше протоколарна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Дали во Охрид ќе има жолта лента за соживот или протест ќе се знае најверојатно во понеделник. За тогаш од Државниот градежен инспекторат најавија дека ќе ислезат со став во врска со нелегалните градежни активности на Али Пашината џамија. Инспекторат во корелација со Министерството за транспорт и врски и Управата за заштита на културно наследство работеле на предметот со џамијата и ги утврдувале надлежностите. Од Здружението Совест чекаат да се исполнат ветувањата кои ги добија на средбата со Премиерот, инспекторатот да постапи по закон.
Опаѓа индексот на појава на кариесни заби кај децата. Националната стратегија за подобрување на оралното здравје дава резултати, информираат од превентивната детска стомотологија при ЈЗУ „ Здравствен дом“ Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град