СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација мислат дека е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат, кажа денеска на прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев. Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид, рече Донев.
Од струшката локална самоуправа информираат дека на 7- ми јули, понеделник, ќе се врши теристичка аеросолна дезинсекција против комарци во периодот од 22 до 6 часот наредниот ден.
Сериозна стратегија и проекти за локален економски развој и на туризмот како негов најзначаен сегмент, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски. Формирање на Локален економски совет, Континуирана туристичка промоција на Охрид и Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските фондови за проекти на Локалната самоуправа, се само дел од она што е предвидено во програмата на Милошевски.
Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Бахреин.
Не постои сомнеж, а уште помалку официјална потврда дека Монтение бил ликвидиран. Засега не е објавена точната причина за смртта, но повеќе од сигурно е дека тој починал откако бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Смртта настапила во време кога тој бил опкружен со своите најблиски, со што е исклучена секаква можност за ликвидација.
Проекти за решавање на проблемите со водоснабдување и отпадните води значаен дел од изборната програма на Кандидатот за Градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески. Изградба на нов водоснабдителен систем кој ќе ја користи водата од изворот Дувло во атарот на село Свиништа е еден од плановите за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на градот Охрид и населените места од поранешната општина Косел, кажа Ристо Николески кој на прес конференција презентира дел од програмата на Георгиески.
Викендов во ООУ „Братство Единство“ се одржаа турнири во шах за учениците од основното образование од Охрид.
Од Здружението за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛ инфромираат дека младите укажале на проблемите поврзани со нивното креативно изразување. Посочиле недостаток од младински културен центар и локални канцеларии. Во тек е изготвување на закон за млади, а општина Охрид ќе изработи и младинска гаранција.
Започна реконструкцијата и проширувањето на сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град