Советникот Џемал Мена најави дека ќе поднесе кривична пријава против колегата советник за физички напад, како и дека ќе побара полициско обезбедување за него и членовите на неговото семејство, по вчерашниот инцидент за време на седницата на градскиот совет. Тој го наметна прашањето за безбедноста на советниците во општинската зграда. Од локалната го осудија настанот но без одговор на прашањето кој се грижи за обезбедување на општината и дали планираат да преземат мерки за поголема безбедност во општинската зграда и на седниците на совет.
Без струја останаа и струшките основни училишта поради неисплатени долгови. Надлежните ветуваат дека долгот ќе го платат, но дека ќе ја преиспитаат соработката со ЕВН. Струшкиот градоначалник Зијадин Села вели дека на повидок е третиот коалиционен партнер на Владата.
Според новиот закон за социјална заштита 480 охридски семејства ќе бидат опфатени со новите законски измени. Покрај низата новини државата на овие семејства сега ќе им исплаќа за децата ученици во основно и средно школо детски додаток за секое дете, а дополнително ќе им се исплаќа и образовен додаток. Примената на остантите новини се во тек.
Зимските Олимписки игри во Сочи ќе бидат фантастични, изјави претседателот на МОК Жак Рохкој, објавува „Независимаја газета“.
Во Словенија бил притворен маж кој во изминатите два месеци седум пати се вакцинирал против ковид-19, а кривично ќе одговараат уште четворица други, на чие име се вакцинирал човекот за да може да добијат ковид-сертификати.
Компанијата за бела техника отиде во стечај пред неколку месеци и во охридскиот регион ова е прв таков случај. Од државниот пазарен инспекторат велат дека постапуваат по законот само ако потрошувачот има гарантен лист за производот кој го реклмира.
Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 365 800 денари, се изврши комплетна реконструкција на подовите во основното училиште „Ванчо Николески“ во село Лескоец.
Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината самата седница, денес од Локалната самоуправа, пристигна соопштение во кое се вели:
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности , сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град