Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава. Од наесен охриѓани ќе можат да погледнат ново театарско остварување. Планирано е актерите да настапат и на некои фестивали низ земјава. Летниов период нивната пауза беше искористена за подобрување на условите во Центарот за култура Григор Прличев.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Њујорк ќе се обрати пред Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации по повод завршувањето на претседавањето на Република Македонија со 62-то заседание на ОН.
Во предизборието, рецензираме политички пристрасна вест со наслов ,,Албанците ги тераат СДСМ и Беса во П.М.(документ). Меѓутоа, рецензираната вест, освен што е пристрасна и политички мотивирана, поттикнува меѓуетнички поделби и повикувајќи се на национализам се обидува да манипулира со чувствата на граѓаните.
Станува збор за превозно средство кое сеуште не е регулирано со нашиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Досега од СВР Охрид не евидентирале сообраќајни несреќи предизвикани од лица кои управувале електрични тротинети.
Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) побара од земјите членки стриктно да ги почитуваат квотите за производство на нафта, што доведе до намалување на доставата за 520.000 барели нафта дневно, пренесе Франс прес.
Пожарот е локализиран по скоро три дена борба со огнената стихија. Во гаснењето биле вклучени две противпожарни возила и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
Вечерва со почеток во 18 часот во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на хорот „Јарославија“ на Јарославската државна филхармонија Станува збор за настан кој е дел од програмата на „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“.
Во Париз денеска ќе се одржи средба на високо ниво ЕУ-Украина, соопшти француското претседателство.
Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев претседател на ОК Вмро Дпмне.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град