Сеп 2, 2019

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со ново работно време

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги  од втори септември повторно ќе е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30 часот.


Ное 4, 2008

Американските гласачи ги решаваат претседателските избори

По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, денес во САд конечно се гласа.


Окт 12, 2021

9 санкции за возачи од Охрид за надминување на дозволената брзина

При сообраќајни контроли извршени на 11.10.2021 година од 13 до 19 часот, полициските службеници регистрирале и санкционирале 38 возачи на патнички и други моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-09, Струга-20, Кичево-09) како и 25 возачи кои, надвор од населено место, возеле со поголема брзина од дозволената.


Авг 30, 2019

Секое лето истата слика пред Рамстор

Во строгиот центар на градот , веднаш до градскиот плоштад секоја година за време на туристичката сезона, истата грда слика на  палети и пакети со производи на тротоарот и зелената површина до маркетот Рамстор. Охриѓани секое лето реагираат на оваа грда слика на стовариште на самата улица. Маркетот не го поправа своето поведение а комуналните инспектори по се изгледа не планираат истото да го санкционираат.


Ное 3, 2008

„Дојче Банк“ тврди дека не и треба помош од германската Влада

Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор.


Авг 30, 2019

Нема најави за штрајк во охридските основни и средни училишта

Синдикатите од ниту едно школо не донесле одлука за штрајкување на 2 септември според најавите од СОНК. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, пак кажа дека в недела официјално ќе се произнесат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк. 


Јун 3, 2016

Денес праволавните христијани го слават „Св.Константин и Елена“

Денес 3-ти јуни, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник Свети Константин и Елена кои црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни.


Ное 3, 2008

Белата куќа ќе мора да ги достави на суд документите за прислушкувањата по терористичките напади на САД

Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ќе мора да му достави на федералниот суд документи поврзани со прислушкувањата на националните разговори, кои Владата ги спроведе по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, одлучи судијата Хенри Кенеди.


Авг 30, 2019

Во понеделник започнува Втората меѓународна уметничка колонија – „Трпејца 2019“

Под покровителство на Општина Охрид а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца ќе се одвива второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top