Пет жртви, од кои три возрасни лица и две деца, го загубија животот во силното невреме кое го зафати Тетово и околните села, според извори од Клиничкиот Центар Тетово.
Двегодишен мораториум против вработување на странски работници, од земји кои не се членки на Европската унија, во Италија, бара италијанскиот шеф на дипломатијата, Роберто Морани.
Времето до започнување на акцијата за рушење на дивоградбите се брои во денови. Рушење ќе има, категоричен Градоначалникот Георгиески. На сопствениците на објекти кои добиле решенија за рушење им порача час поскоро да почнат сами со отстранување. А на угостителите им најави инспекција не само за платформите туку и за терасите и целокупните објекти на крајбрежјето.
На 2 април 2015 година го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за Аутизмот, и за таа цел Порака Нова, ќе организира јавен настан во центарот на градот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да укажува помош на се поголемиот број земји кои имаат потрба од кредити, изјави директорот на ММФ Доминик Строс-Кан.
Со положување цвеќе пред спомен обележјето на жртвите на кеј Македонија, денеска беше одбележана десетгодишнината од бродската несреќа што се случи во Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.
Поранешниот фудбалер на Вердер, Мајнц, Хамбургер и Борусија Дортмунд, Мохамед Зидан е осуден на шест години затвор во Египет поради измама на компанија при купување на недвижен имот.
Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.
Во болниците моментално лежат 340 болни од ковид 19, од кои 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град