Покрај ова училиште уште неколку други објекти од општините во Југозападниот плански регион ќе добијат енергетска ефикасност. Исто така, ќе се прави и ГИС платформа за урбанистичката планска документaција и подземен катастар во сите 9 општини од регионот. Во тек е повикот за проектите за Програмата за локален регионален развој за ова година.
Градоначалникот на Струга Зијадин Села ќе ги враќа во првобитна состојба плажите кои беа издадени под концесија. Договорите на концесионерите им се истечени, истите не се продолжени и судовите не треба да прифатат нивни жалби, категоричен е Села. Кај концсионерите пак, сеуште постои надеж дека тоа нема да се случи.
На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(23) и А.Д.(23), двајцата од Охрид, како и против Д.К.(18), А.А.(18) и едно малолетно лице, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда”.
Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град