Мај 28, 2020

Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја

Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Програмите за прекугранична соработка од ЕУ течат непречено.


Сеп 22, 2010

Жителите на Париз ќе пијат минерална вода од чешма

Во Париз од синоќа е пуштена во употреба првата јавна чешма од која наместо обична, ќе тече газирана вода.


Окт 29, 2021

Недостиг на педијатри во Охрид

Охрид би можел да остане без болничко лекување за најмладите, предупредуваат лекарите. Дефицитот на педијатри кој е проблем во целата држава може да доведе детското одделение во Општа болница Охрид да работи како амбуланта. Во моментов само една докторка е на специјализација, но двајца педијатри од одделението по Нова година заминуваат во пензија. Менаџментот на болницата бара можни решенија преку ротации од други болници да се ублажи проблемот.


Мај 28, 2020

Започна асфалтирањето на тротоарите на улицата 15-ти Корпус

За реконструкција на улицата се обезбедени  пари од  владата и  од буџетот на општината. Покрај овој капитален инфраструктурен проект се одвива уште еден обемен  зафат на Абас Емин и  поправки  на повеќе улици во градот и населените места. 


Сеп 21, 2010

Ништо од милијардите на тато

“Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца.


Мај 28, 2020

МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април

Работниците кои поради корона кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица  на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.


Фев 2, 2017

Почна трката по 61 пратенички потпис

Мандат за состав на нова влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието, рече вечерва претседателот Ѓорге Иванов по целодневните консултации со политички партии кои обезбедија места во парламентот. 


Сеп 20, 2010

Со измама чeтири години живеела по хотели

Полјачката Урсзула Кулге мамела дека е службеничка во туристичка агенција и на измама долги години бесплатно живеела по хотели ширум Полска и уживала во ВИП третманот.


Мај 28, 2020

Парични казни за прекршувачи на полицискиот час во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според  член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top