Охридските советници бараат конечно да се реши хаосот кој во лето се создава со недозволено поставените столици и маси на градскиот плоштад и околу него.
Општинскиот инспекторат вчера ги стопира градежните работи на индивидуална куќа на улицата „Климентска“. Причината е констатирање отстапки од дадената локација и недозволено навлегување во туѓ имот.
Започна реализацијата на проектот за просторот кај некогашната библиотека. Градоначалникот Петрески тврди дека нема да има никакво отстапување од него.
Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.
Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот.
Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски, оствари средби со граѓаните од Пештани и Трпејца, како дел од активностите на Владата за транспарентно работење.
Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.
Донесувањето на ДУП за овој дел од градот на денешната седница предизвика жестоки дискусии. Седницата не можеше да започне поради несогласување на дел од советниците со нејзиниот дневен ред.
На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе започне кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град