Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму.
„Промената од функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање е направена по мое барање“. Ова денес ексклузивно за ТВМ го изјави Дејан Паноски.
Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.
Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов.
Петрески со оценка дека станува збор за политички чин без реални причини. Со повлекувањето на Паноски губи пред се градот, вели Петрески.
Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески.
Менаџерскиот тим на детската установа „Јасна Ристеска“ ги почувствува потребите на социјално загрозени семејствата, па организираше акција со која се одбележа Детската недела.
Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град