Ное 11, 2008

Некои сопственици на објекти не соработуваат со попишувачите

Во Охрид и Струга веќе тече пописот на трговските и угостителските објекти. Се врши пребројување на продавници, дисконти, аптеки, кафулиња, ресторани.

 


Ное 10, 2008

Полициски патроли 24 часа ќе ги контролираат училиштата во Охрид

Причина се зачестените инциденти во и околу школите. Раководните кадри и полицијата на заеднички состанок градеа стратегија како да се надмине агресивното однесување на учениците.


Ное 10, 2008

Бурна расправа предизвика јавната анкета за урбан блок 2, кај старото кино

Затворени пристапи до домовите, збиени станбени блокови, без паркинг простор и зелени површини се забелешките на граѓаните  од урбана блок 2 кај старото кино. На денешната јавна анкета, граѓаните кои живеат во строгиот центар на градот  бурно распарваа за прекумерната  градба.


Ное 8, 2008

Железото нема убавина, но ако се обликува со чувства, тоа оживува

Квалификуваниот бравар Трајко Дурчовски започнал  пред неколку децении да изработува  скромни предмети од железо, а потоа почнал да навлегува во специфична техника и да создава уменост.


Ное 8, 2008

Само со политичко единство Македонија ќе стигне до вратите на ЕУ

Забелешките од извештите на Европската комисја треба да бидат поттик сите партии да ги надминат сопствените интереси и да продолжат по патот кој го зацртаа а води во Европа, рече евроабасадорот Ерван Фуере, кој денеска престојуваше во Охрид.


Ное 8, 2008

Љубе Бошкоски синоќа во Охрид

Синоќа голем број охриѓани го дочекаа екс Министерот за одбрана Љубе Бошкоски. На трибината Бошкоски се осврна на полтичките случувања во земјава.Сеуште не одлучил за претседателската кандидатура.


Ное 8, 2008

Петрески, Мерко и Којчиноски му се пожалија на Фуере

Тие денес разговараа околу проблемите со управувањето со отпадот. Градоначалниците бараат гржавата под итно да одреди локација за изградба на регионална депонија.

 


Ное 8, 2008

Ј.П. Комуналец има проблем со подигање на медицинскиот отпад

Засега проблем прават помалите приватни ординации. Владата пак донела одлука  медицинскиот отпад да го согорува и да го претвора во електрична енергија.


Ное 7, 2008

Охрид ја одбележува 64-годишнината од ослободувањето

7- ми ноември е датумот кога победија демократските сили над фашизмот- беше истакнато на одржана свечена седница по повод денот на ослободувањето на градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top