Од ЈП Билјанини Извори се презадоволни од тоа како успеале да се справат со сите барања од ЕХФ.
Ова го изјави градоначалникот Петрески на вчера одржана јавна трибина за нацрт- фискалната стратегија и развојни програми на општината.
Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот.
Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност.
Околу 100 семејства, жители на улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови.
Дваесет и пет милиони денари за реализација на програмата за потикнување на развојот на туризмот во општина Охрид и 27 милиони денари за програмата за подршка на Лер, можна реалност или само пуста желба?
Министерството за транспорт и врски го пролонгира рокот за отварањетрансакциона сметка кој првично беше до 15 ноември. Со ова еден проблем се реши, велат од охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со прибирањето на средствата за солидарниот фонд.
Со свечена церемонија денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ започнува шестиот по ред фестивал на аматерски театар „ГАРАВДЕ МУЈА“ или скриени лица. Ќе учествуваат неколку театарски трупи од Македонија, Србија, Хрватска и Албанија.
На охридскиот пазар, секој понеделник доаѓаат околу 100-тина земјоделци-производители кои не се регистрирани во подрачната единица на министерството за земјоделство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град